Украдени се околу 50 килограми златни прачки кои биле уфрлени во багажникот на авион Ер Франс кој летал од Париз за Цирих.
Француските медиуми наведуваат дека крадците „најверојатно имале соучесници“. Од секторот за француската полиција, кој отвори истрага за грабежот што се случил минатиот четврток, велат дека истрагата е многу сложена, затоа што кражбата била откриена утредента, во петок, во Швајцарија.
Вредноста на златото се проценува на 1,6 милиони евра. Полициската истрага е во тек.