Паркобранителите вечерва ги објавија видеата од апсењата кај Бристол, во кои се гледаат снимки како специјални полициски сили го опколија местото кај хотелот Бристол, по што паркобраните беа приведени. Парцелата каде ќе се гради барокната нова зграда на Советот за радиодифузија е од денеска заградена со паравани багерите започнаа со работа.
И покрај дождот, Паркобраните го претставија видеото на собирот кој и вечерва беше надгледуван од полицијата.
-Со ова видео сакавме јавноста директно да се увери што се случуваше синоќа кај паркот кај „Бристол, а на амбасадорите на земјите-членки на ОБСЕ сакавме да им претставиме што се случува во Македонија, изјави Уранија Пировска од Хелсиншки Комитет.
Според неа, неосновани се проценките на полицијата за донесување 400 полицајци од кои и припадници на ЕБР, за 11 паркобрани, како и објаснувањата на портпаролот на МВР, Котевски за загрозување на јавната чистота.
Пировска посочи дека изјавите кои пристигнаа од МВР дека синоќешната акција на полицијата е во знак на одбрана на демократијата претставува невидена провокација и манифестација на моќ.
Видео: Синоќешната полициска акција во која беа притворени Паркобраните




