Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламент со апсолутно мнозинство од националисти и радикали

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2024 09:31

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА 

ВМРО-ДПМНЕ успешно ја приврши својата долгогодишна операција за соборување владата, а нејзиниот шеф конечно доби шанса да стане премиер. Тоа го постигнаа по пат на мирни, фер и демократски избори. Значи, можело и така, а не со кршење глави во парламентот, за време на обидот за државен удар во 2017 година.

И така, барем навидум, ако се занемари големата и долготрајна операција за социјален и политички инженеринг, македонското општество своеволно ги напушти концептите на мултикултурализам и евроатлантската ориентација.

Македонскиот парламент го сочинува, не двотретинско, туку апсолутно мнозинство составено од националисти и радикали, веројатно само со едноцифрен број на исклучоци.

Дали е претерано да се каже дека се толку малку? Ни најмалку. Вешто и помалку вешто прикриените националисти се дел од мнозинството што го запоседна парламентот на „нашата земја.“ Нема потреба да ги броиме поинаку.

Тоа не може да биде добро. И се чини дека во оваа констелација нема кој да ја одбрани демократијата. Зошто го велам ова? Зарем е толку црно? Да. И повеќе од тоа.

Три работи се пресудни во одбраната на демократијата и демократските вредности во едно општество. Кога се поразени, прогресивните сили имаат обврска да ги редефинираат своите позиции, вредности и стратегии. Се очекува, освен политичките ентитети, интелектуалците, граѓанските организации и медиумите да преземат одговорност за неуспех во одбраната на демократските вредности во општеството. Промислувањето, планирањето и бескомпромисната заложба за демократските вредности не смеат да се напуштат ни за миг.

Кога едно од овие три нешта ќе запрат или ќе се притаат, чекајќи „подобри времиња,“ демократијата и демократските вредности се во смртна опасност.

Следејќи ги одмерениот тон во изјавите на западните дипломати, домашните „мудреци“ велат дека е рано да се прогнозира дека националистите ќе ја загрозат демократијата, човековите права и слободи, и владеењето на правото, дека накратко – сѐ ќе упропастат. А за што друго се способни? Добро, да, способни се и за насилство и неконтролиран грабеж на јавните пари. Секако, не смее да се заборави и нивниот огромен талент за тотален кич и невкус.

Набрзо, кога нештата ќе тргнат надолу и кога системот ќе почне да се распаѓа, а животот ќе стане многу потежок отколку што сега се плашат и најголемите песимисти, се разбира, ќе бидат виновни „нивните“ и сите „други“, само не тие. Така е. Националистите нема да чекаат долго за да се уверат дека „другите се виновни“ за сѐ. А кога ќе ги нападне сомнежот во исправноста на власта, доволно ќе биде да вклучат ТВ и ќе им се смири душичката.

Текстот е личен став на Авторот.
националисти радикали Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

ВЕСТИ June 16, 2026

На денешен ден, 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин во времето…

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.