Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 21, 2024 09:51

20-ти април

Синоќа во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарните избори, СДСМ и Коалицијата за европска иднина одржаа граѓански собир во Тетово, Брвеница и Желино, на кој претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски најави дел од мерките како што се енергетска реформа, борба со корупцијата, реформи во судството, намалување на раководните и функционерските места во институциите и администрацијата во насока на предвидената програма за Европска Македонија.

Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена на подобро во нашата земја. Јас верувам дека во европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар и дека ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупција. ЕУ не секогаш беше фер со нас. Но тоа не значи дека треба да се откажеме, истакна Ковачевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Пехчево ја побара поддршката од граѓаните за освојување на 61 пратеник за формирање на стабилна влада која, како што рече, ќе ја трансформира Македонија и исправи сите погрешни политики од изминатите шест и половина година.

Некои овие зборови за 61 пратеник ги извртуваат за да ме направат анти Албанец, но јас не сум анти Албанец, туку анти криминалците од ДУИ како Али Ахмети, Артан Груби и сличните. Кога велиме 61 пратеник мислиме да имаме стабилна влада која ќе ја трансформира Македонија, влада која ќе ги исправи сите погрешни политики од изминативе 6 и половина година. Планираме да ја развиваме државата. Мора да ја вратиме надежта кај граѓаните. Затоа е важно оваа порака на национално единство да ја рашириме низ Македонија. За национално обединување, изјави Мицкоски.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во рамки на парламентарната кампања, синоќа во Битола одржа митинг на кој се обрати претседателот на партијата Максим Димитриевски. Тој на граѓаните во Битола им порача дека доколку ја добие нивната поддршка, како врховен командант ќе се заложи да се заштитат правата на граѓаните, како и правата на бранителите, затоа што како што рече, политичарот не смее да биде над граѓанинот.

Граѓанинот е на дното, а елитата е на врвот. Тука се кога се бара власт, а подоцна кога ќе треба да се испорача пред граѓаните си седат и си прават ситни калкулации по кабинетите кај што се договараат со својот вечен партнер ДУИ кој повеќе од 20 години работи во оваа држава, кој со пушка влезе во Собрание, рече Димитриевски.

Претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи, вчера посети неколку тетовски села од каде порача дека постојат реални шанси да помине во вториот круг како кандидат Албанец, бидејќи како што рече, кандидат е на девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми.

Ова бара мобилизација, затоа нема место кое не сум го посетил. И најголемата порака што можеме да ја пратиме е дека сега сме држава на два народа, кои се натпреваруваат во вториот круг за претседател, еден Македонец, еден Албанец. Ова е историска порака. Затоа ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија, а еуфоријата е како лавина од снег што собира се пред себе. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг, порача Османи.

Во име на партијата нејзин кандидатски подржувач, Левица, Билјана Ванковска, ја престави партиската програма пред битолчани. Таа упати порака дека е среќна што токму Битола е местото кое и ја дало најголемата поддршка за време на собирање на потписите. Рече дека таа победа ќе се преслика и во среда низ целата Република.

Јас знам дека нема потреба да ве убедувам. Ние сме една црвена армија која во среда ќе извојува победа. Јас програмата ја напишав толку рано што сите имаа можност да ја видат. Ја видоа и моите противкандидати, па почнаа да преземаат. Ете утре ќе имаат можност да дојдат на тенок мраз да видиме кој на што стои и да го бранат она што го раскажуваат деновиве, истакна Ванковска.

Коалицијата  ВЛЕН заедно со нивниот претседателски кандидат Таравари вчера одржаа митинг со нашите сограѓани иселени во Цирих.

Македонија на овие избори се соочува со многу важен крстопат. Изборите се историски бидејќи основата на политичката трка на Македонија, ако ја поедноставиме, излегува дека е албинизмот наспроти вучизмот. Се наоѓаме во историски момент бидејќи по руската агресија во Украина, геостратегијата е целосно променета. Пред 3-4 недели имав можност да седнам со еден американски професор кој се занимава со геостратегија и тој многу убаво ми објасни некои работи со кои целосно се согласувам.

Првиот триаголник е Скопје, Тирана и Приштина, а вториот триаголник, кој е многу важен за развој е Скопје, Софија и Атина. За среќа, имаме коректни односи со Приштина, а со Тирана треба да биде што е можно посилна соработката и во иднина треба да размислуваме што повеќе да ја развиеме соработката со Софија и Атина. Овие два триаголници го спречуваат влијанието на Северот, или на руското влијание, изјавија говорниците од коалицијата ВЛЕН во Цирих.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.