Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2024 09:29

19-ти април – денешни активности:

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава. Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која ќе трае уште четири дена.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја продолжува парламентарната кампања меѓу граѓаните на Струга и Охрид, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ во Кратово и Крива Паланка. Активности се најавени и на кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

Караванот на Коалицијата „Европска иднина“ го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратениците. За денеска Регионалниот изборен штаб на СДСМ за Шестата изборна единица најави брифинг со новинари на кој ќе присуствуваат сите 20 кандидати за пратеници.

Активности за претседателската кампања најавија и од штабот на кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој денеска ќе биде на средби со граѓани во Ѓорче Петров и во Велес, каде ќе има и обраќање пред граѓаните во салата на театарот Ј.Х.К. Џинот.

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денеска ќе го посети Саемот на книга во „Борис Трајковски“. Ќе присуствува и на промоција на книгата „Книга за меморија – ученици и студенти Евреи од Град Скопје (920 – 1943) во издание на Архив на Македонија.

Европскиот фронт, пак, денеска на заедничка прес-конференција ќе ја презентира Изборната програма ЕУ2030.

За денешниот ден прес-конференција најави Независната листа на кандидадти за пратеници Изборната единица 1 „За младите“ заедно со Работничката партија.

Најавени се активности и на останатите учесници на  изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.