Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарните избори во Албанија: За сега води партијата на Еди Рама

0
By НОВА ТВ on April 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалистичката партија (ПС), која всушност има социјал-демократска ориентација, на сегашниот албански премиер Еди Рама е моментално во водство.

55% од избирачките места беа обработени денес и за сега партијата на Рама има освоено 50,5% од гласовите што би значело дека ПС би добиле 75 места во албанскиот парламентот од вкупно 140 места. Ако по броењето на сите гласови, овие резултати останат слични, тогаш премиерот Рама ќе може да си обезбеди уште еден мандат како лидер на Албанија. Тоа би било третиот мандат на Рама како премиер и би било нешто што ни еден албански политичар не го достигнал до сега.

Двете најголеми опозициски партии немаат ни блиску толку гласови колку партијата на Рама. Демократската партија (ПД), партија со конзервативна политичка ориентација, доби 39,2 проценти од гласовите, односно 56 места во парламентот, а Движењето за социјалистичка интеграција, социјал-демократската партија која се одвои од ПС во 2004, доби 7,3 проценти и шест места.

Главниот против-кандидат на Рама беше Лузим Баша од конзервативната ПД, зад кој застанаа уште дванаесет други партии во обединетета коалиција. Баша ја има обвинето владата на Рама за корупција и поврзаност со организираниот криминал.

„Овие избори се најодлучни за патот на Албанија кон ЕУ“, изјави Ервис Илјазај, професор по политички науки на Европскиот универзитет во Тирана.

Според претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целбаши, вчерашното гласање беше успешно спроведено. Исто така вчера за прв пат во Албанија се користеше електронска идентификација на изборите и имаше минимални проблеми со оваа технологија.

Сепак резултатите сѐ уште не се финални. Исто така сѐ уште не се знае дали ќе влезе во парламентот независниот кандидат Елтон Дебреши кој е рудар од Булќиза. Дебреши сака да ги застапува интересите на рударите кој тој смета се заборавени од страна на политичкиот естаблишмент. Дебреши исто така доби поддршка од страна на поранешниот левичарски Министер за финансии на Грција, Јанис Веруфакис.

“Секој пратеник од овој регион е сопственик на рудник за хром или сопственик на хидроцентрала, шуми или каменоломи. Со еден збор, тие не беа од нашата класа”, изјави Дебреши за Reuters. Дебреши исто така беше интервјуиран околу неговата кандидатура од Џејлан Велиу за македонскиот подкаст „Гласни идеи“.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.