Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите на владејачката коалиција во БиХ бараат апсење на Додик

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Фејсбук профил Милорад Додик
Фото: Фејсбук профил Милорад Додик
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичките партии од бошњачкиот граѓански блок во владејачката коалиција во БиХ во четвртокот ги повикаа службите за државна безбедност и судството да реагираат решително откако припадниците на полицијата на Република Српска го спречија апсењето на Милорад Додик, шефот на тој ентитет, по кој беше распишана потерница, еден ден претходно.

Реагирајќи на неуспешниот обид за апсење на Додик, СДП БиХ, Народ и Правда (НиП) и Нашата партија (НС) објавија заедничко соопштение во кое ја изразија својата целосна поддршка за СИПА и другите безбедносни агенции на државно ниво.

„Ги охрабруваме упорно, професионално и стручно да продолжат со своите активности се додека не се спроведат одлуките и наредбите на правосудните органи на Босна и Херцеговина, бидејќи никој не е и не треба да биде над законот“, се вели во соопштението.

Освен тоа, тие го повикаа Обвинителството на БиХ да покрене кривична постапка против одговорните во МУП на РС за спречување апсење на Додик.

Кон средината на март, Судот на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор, покрај Додик, и на претседателот на Парламентот на РС Ненад Стевандиќ и на премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, бидејќи тие одбија да одговорат на повиците на Обвинителството на БиХ за сослушување во рамки на истрагата покрената под сомнение дека сториле кривично дело – обид за уривање на уставниот поредок.

Неуспешниот обид за апсење на Додик е прв откако по него е распишана потерница, додека Стевандиќ и Вишковиќ досега никој не се обидел да ги уапси. Покрај тоа, Стевандиќ и Додик во неколку наврати патувале во странство, а засега не е разјаснето како успеале да ја поминат границата на Босна и Херцеговина.

апсење БиХ Додик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.