Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиско разногласие на стартот на уставните измени, Ковачевски повикува на пратенички консензус

0
By Соња Крамарска on April 10, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Копјата во првата фаза во процесот на уставните измени ќе се кршат покрај во партискиот ринг, и во Министерството за правда
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени се нешто што е обврска на нашата држава во делот на пристапување во Европската Унија и за мене беше очекувано кои партии ќе учествуваат, а кои нема да учествуваат во работната група формирана во Министерството за правда, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како ќе функционираат работните групи во Минисерството за правда, каде што опозициските партии одбија учество.

„Во државата имаме два концепти – едниот концепт се политички партии кои ја поддржуваат Северна Македонија членка на НАТО и на ЕУ и имаме втора група на политички партии предводени од Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, јас ова го кажав уште во септември минатата година, што се против членството на земјава во НАТО и во ЕУ. И тоа во историјата се потврдило. Одлуките за НАТО, денешната опозиција не гласаше за ниту една. Тие не гласаа ниту за договорот Фронтекс каде што за првпат македонскиот јазик е дел од договор во којшто се наведени сите други јазици на земјите-членки на ЕУ. И тоа не влегоа да го гласаат“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека „подобрувањето на животниот стандард, воведувањето демократски институции на повисоко ниво, зачленувањето во ЕУ, не можат да бидат заложник на кариерата на еден човек, туку тие се обврска на сите пратеници во Собранието да носат одлуки што ќе обезбедат европска иднина на сегашната и на идните генерации“.

„Откако ќе бидат направени амандманите во Комисијата при Министерството за правда, тие ќе бидат дадени на јавна расправа пред академската заедница, пред невладиниот сектор, бизнис заедницата, медиумите, да се запознаат граѓаните и потоа ќе започне парламентарната процедура во Собранието, каде што постои уставна комисија и оди низ процедурите што важат за уставни измени“, рече тој.

Тој потсети дека ова не се последни уставни измени, бидејќи, нагласи и пред влегувањето во ЕУ има уставни измени кога се даваат дел од надлежностите на Европската Унија како што тоа го направила секоја држава.

„И ова не е последното двотретинско гласање на патот до ЕУ. Пред нас имаме врз основа на скрининг извештаите што ќе ги добиеме реформа на правосудството – за тоа треба две третини, реформа на обвинителството, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, и за тоа велам дека овој процес не може да биде заложник на еден човек, ниту пак процесот е процес на еден човек, една партија, или една влада. Ова е процес во којшто треба сите да учествуваат затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во земја-членка на ЕУ ама тука дома, а не да живеат во земја-членка на ЕУ во туѓина да одат да работат“, истакна тој.

На оваа изјава и претходеше партиско разногласие кое го одбележа стартот на процесот за уставните измени. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ, но веќе пристигнаа одбивања од страна на партиите од опозицискиот спектар.

Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии од владиното мнозинство и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат.

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот.

СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка. Алијанса за Албанците соопшти дека претставник на партијата во работната група за уставните измени ќе биде пратеникот Ремзи Мехмеди. Според информациите, свои претставници во групата номинирала и Беса, а се очекува денеска и ДУИ да соопшти кој ќе биде номиниран од кај нив.

ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз викендов информираа дека нема да учествуваат во работната група.

На дописот од Министерството за правда, први се одѕваа претседателот Стево Пендаровски, кој потврди дека негов претставник во работната група за измени на Уставот ќе биде професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е негов правен советник, додека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека СЕП активно ќе учествува во работната група и дека најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група свои експерти треба да номинираат и од Министерството за надворешни работи.

С.К.

Димитар Ковачевски Работна група уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.