Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партизацијата не ги одминува ниту селата – спас се бара надвор од земјата

1
By Томе Христов on March 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 7, 2014 16:57

Злоупотребите на огласите за вработување во администрацијата добиваат на гласност во критичните медиуми секогаш кога тоа го прават централните институции. Но, состојбите се исти низ целата земја, а се чини дека е уште потешко во малите места кога администрацијата е единственото место каде што граѓаните ги полагаат надежите во отсуство на работни места во приватниот сектор.

Не се почитуваат законите, но не се почитуваат ниту одлуките на институциите. НОВА истражување како во основното училиште во селото Нова села, Струмичко се изигруваат конкурсите за вработување. Во училиштето „ Атанас Нивичански“ веќе две години е вработен дипломиран музичар на работно место педагог.

Директорката на училиштето Соња Ничева по објавувањето на огласот одлучила да го вработи Оливер Гичев, дипломиран музичар со отсек педагогија, како стручен за извршување на работното место, иако на огласот имало уште тројца кандидати.

Директорката за НОВА тврди дека тие немале комплетна документација, додека еден од кандидатите кој сакаше да остане анонимен вели дека тој ги имал сите документи и го исполнувал главниот критериум од огласот – да биде дипломиран педагог.

Приказната на професорот кој не го добил работното место ја потврдува и Државниот инспекторат – тие и наложиле на директорката да се поништи огласот заради нестручност на кандидатот.

НОВА дојде до документот од инспекторатот издаден во Јануари годинава.
„Од приложеното се гледа дека кандидатот Оливер Гичев е несоодветен за објавеното место, педагог во ООУ„Атанас Нивичански“-Нова Маала. Со ова директорот на училиштето постапила спротивно на чл. 80 од Законот за основно образование.

Според наведеното Државниот просветен инспекторат Струмица, донесе решение за директорот на училиштето, со кое се наредува да ја поништи одлуката на директорот од 8.01 2014 година за избор на стручен соработник-педагог и да распише јавен оглас за избор на стручен соработник и изврши избор согласно член 80 од Законот за основно образование“, стои во известувањето од Државниот инспекторат.

НОВА беше во училиштето во Нова Маала и разговараше со директорката во присуство на училишниот правник. Таа тврди дека Гичев е стручен за местото педагог, иако во огласот се бара токму педагог, а не музичар од отсекот педагогија. Директорката одби да ни го покаже правилникот за систематизација, а за известувањето од инспекторатот накусо рече дека е „можно да постапи по него“.

Од Државниот инспекторат – Струмица телефонски ни потврдија дека по извршената контрола е поништен огласот, но дека сеуште немат добиено повратен одговор од училиштето во Нова Малаа.

Вработениот музичар веќе две години оди на работа и зема плата. Решението од инспекторатот се уште ништо не променило во неговиот статус. Нашиот соговорник кој е изигран на огласот вели дека нема надеж дека нештата ќе се променат.

„Немаш грб, немаш врски, немаш книшка, и тоа е, за таквите како нас нема место во администрација“, вели тој.

Села без живот – младите спас гледаат надвор

Селото Нова Маала е дел од опшината Василево во околината на Струмица. За македонски услови, тоа би било едно вистинско мало гратче – таму живеат нешто повеќе од 12 илјади жители, барем според последниот попис од 2002 година. Нашите соговорници од селото Нова маала велат дека оттогаш многу луѓе се иселиле, најмногу млади. Причината – во потрага по работа и подобар живот. Речиси сите се согласуваат дека работна нема, освен во администрацијата.

„А тоа таму е малку, нема за сите. Па ти требаат врски од партија, така што тешко, многу тешко“, вели помлад жител од селото кој сакаше да остане анонимен.

Браќата Седат и Ведат Мустафови, пак, отворено зборуваат за своите проблеми, оти, како што веат нема ни кој што да им земе, ниту кој што да им даде. Ги затекнавме како работат на приватен објект.

„Денеска работиме колку да извадиме нешто, после тоа нема работа цел месец и се така се мачиме, ни рекоа браќата Мустафови.

И ти самите гледаа да најдат начин да заминат од Македонија.

„Сите млади бараат спас надвор од државата, верувајте“, вели Ведат Мустафов.

Да биде иронијата поголема, општина Василево на својата веб страна истакнала дека „во општина Василево преовладува младата популација и работо-
способното население што е многу важен предуслов за секаков бид на развој на општината“.

Празните сокаци и луѓе кои претрчуваат до речиси празната селска продавничка во која се продава само неопходното не оддаваа впечаток на развој и просперитет ниту во соседното село село Добрашинци. Токму пред продавничката на сред село седнавме со Методија Митев ,кој исто така ни се пожали за живеачката во селото.

„Скоро и да нема млади луѓе. Тие што се овде едвај крпат крај со крај. Вработувања нема. За да се вработиш секаде е потребна партиска книшка, ни раскажа Митев.

Продавачката Билјана Вламарска потврдува дека животот овде е тежок, а „за млад човек кој сака да подига семејство и да се вработи, веројатно невозможен“.

Случајот со професорот кој ја добил работата во училиштето без потребни квалификации овде веќе се прифаќа како „сосема нормална работа“. Не секој ден во селските училишта се отвораат работни места, но, сите изгледаат помирено со судбината, дека и таму каде што има работа, таа е за подобните. Другите, пак, сонуваат за подобар живот надвор од селото, од општината, од Македонија.


Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.