Published: Thursday, August 29, 2013 16:40
Кривичниот суд во Скопје денеска донел одлука да им го продолжи престојот во притвор уште еден месец на најголемиот број обвинети, но како што неофицијално дознава НОВА, Паско Кузман нема информации за продолжување на притворот.
Адвокатот на Кузман се уште не добил одговор на барањето Паско Кузман да се брани од слобода со понудена гаранција во недвижен имот. Наскоро се очекува да почне судењето за Фаланга 2.
Обвинителството за организиран криминал пред две недели покрена обвинение против 16-мината. Кузман се товари за злоупотреба на службената положба, односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации.




