Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патот до успехот од Скопје до Њујорк: Влатко Андоновски е нов селектор на фудбалерките на САД

0
By Нова ТВ on October 29, 2019 ВЕСТИ
Фото: npr.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влатко Андоновски (43) и официјално е промовиран во нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Довербата на американската федерација е огромна чест за македонскиот тренер, но и признание за остварените резултати на клупски план во кариерата. Задоволството е незаменливо и незамисливо ако се има предвид дека Американките ова лето, на мундијалот во Франција, ја освоија четвртата шампионска титула по победата над Холандија со 2:0 во финалето во Лион.

Андоновски во последните седум години е тренер во Американската женска фудбалска лига. Во тој период го предводеше Канзас сити до две шампионски титули во 2014 година и во 2015 година пред да ја прифати понудата од екипата на Реин на чие кормило беше во изминатите две сезони.

„Голема честа. Многу сум возбуден и нетрпелив да почнам со работа со оваа група на фудбалерки и се надевам дека ќе продолжиме со успешните настапи. Заслуги во градење на традицијата на перфектност имаа сите тренер и играчи кои учествуваа во програмата во минатото и подготвен сум максимално да се вложам за континуитет на резултатите“, изјави Андоновски на презентацијата во Њујорк во друштво на претседателот на Фудбалската федерација на САД, Карлос Кордеиро и генералниот секретар на американската женска фудбалска лига, Кејт Маркграф.

Скопјанецот ужива голем респект и за новата функција во САД доби високи препораки од самите американски фудбалерки и останатиот персонал во и околу националниот тим. Дел од нив и ги тренираше претходно како Меган Репино во Канзас сити. Андоновски ќе го преземе кормилото од Џил Елис, која на изненадување на многумина, се повлече од позицијата порано одошто се очекуваше. Но, колку што е голема честа и задоволството кај Андоновски, кој е прогласен за најдобар тренер за 2019 година, толку е голема и одговорноста.

Причина е притисокот да обезбеди континуитет на успешната резултатска низа на неговата претходничка под чие водство Американките триумфираа на Светските првенства во 2015 година и во 2019 година. Елис заминува како најуспешен тренер во историјата на женската фудбалска репрезентација на САД со биланс од 107 победи, 7 реми и 19 порази. Елис одлучи да излезе од програмата по освојување на СП 2019 по што веднаш почнаа шпекулации за нејзиниот наследник по неколкуте години на доминација на Американките во светскиот фудбал. На Андоновски му преостанува уште да го парафира договорот за и официјлано да седне на клупата, но надлежните во програта и фудбалерките имаат доволно силна доверба во него за предводник во наредните години.

Андоновски како фудбалер на Вардар, Работнички и Македонија Ѓ.П.

Влатко Андоновски е роден во Скопје на 14 септември во 1976 година. До преземање на женската фудбалска репрезентација на САД, работеше како тренер во Реин, а претходно и во Канзас сити и Канзас сити Кометс.

Како активен фудбалер, во неколку сезони настапуваше за Вардар, за Работнички и за Македонија Ѓорче Петров со кои играше во македонската Прва лига, во квалификациите за европските клупски натпреварувања и во поранешниот Интертото куп.
Во 2000 година потпиша договор со Вичита Вингс во националната професионална фудбалска лига на САД. Подоцна играше и за Канзас сити Кометс, за Калифорнија Кугарс и за Филаделфија Кикс.

Неговиот улога и придонес во Реин во 2019 година не останаа незабележани од медиумите. И покрај отсуствата на неколку клучни фудбалерки поради повреди и одржувањето на СП 2019, сепак, успеа да го предводи својот тим до четврто место на табелата што значеше и второ учество во плејофот во низа.

За време на настапите за Канзас сити Кометс, Андоновски беше прогласен за најдокажан играч за 2002 година, истата година беше прогласен и за најдобар дефанзивец, во 2005 година ја понесе и титулата МВП и двата беше дел од Ал стар мечот во Лигата.

Влатко Андоновски Женски фудбал САД селектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.