Заменик министерот за одбрана на САД, Патрик Шенахан од 1 јануари ќе биде вршител на должноста шеф на Пентагон, на местото на Џим Матис, кој поднесе оставка по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија.
Со задоволство објавувам дека нашиот многу талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе биде вршител на должноста министер за одбрана од 1 јануари 2019 година. Патрик има долг список на остварувања што ги постигна додека беше заменик и претходно во „Боингот“. Тој ќе биде одличен, напиша Трамп на Твитер.