Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациент од Заводот за рехабилитација заболен од Ковид 19, нов случај и на Кожна клиника

0
By Менче Атанасова Точи on March 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште еден пациент е заразен со коронавирус од Кожната клиника. Прв случај е регистриран и во Тетово, тоа е пациент кој престојувал во Заводот за рехабилитација во Козле

Пациент од Тетово кој престојувал во Завод за рехабилитација во Капиштец  е заболен од коронавирус. Тој како опериран и неподвижен пациент што имал и васкулатни здравствени проблеми, бил хоспитализиран од 9 -ти до 23 март и како што рече министерот Филипче, откако се вратил добил висока температура, по што бил однесен на инфективното одделение во тетовската болница, од каде е транспортиран на Инфективна клиника во Скопје.

Заводот за рехабилитација засега не е под карантин, земени се брисеви од вработени и дел од пациентите. Уште еден пациент позитивен на коронавирус е регистриран од Кожната клиника, со што бројот на заразени таму се зголеми на шест лица, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„ Пациентот од Тетово имал една посета во Заводот за рехабилитација, контактирани се сите лекари, ниту еден нема симптоми, но земен е материјал на 14 здравствени работни и 4 пациенти. По добивање на резултатите ќе се направи старатегија за функционирање на институцијата. Сите од неговото семејство, тоа се 10 члена, им е пристапено и согласно тоа ќе се постапи понатаму. Сите луѓе кои имале контакт со него се асимптоматски, како ќе се постапи со Заводот за рехабилитација ќе се знае по добивање на резултатите и соодветно на тоа ќе се направи распоред на работа“, изјави министерот Филипче.

Тој нагласи дека во случајот во Тетово нема потреба од страв за други пациенти бидејќи како и во секоја здравена институција има патека за сомнителни пациенти, односно дел за изолација каде што се примаат сомнителните случаи и со нив се постапува со внимание.

Нови 24 заразени со коронавирус се регистрирани последните 24 часа, со што вкупната бројка е 201 заболен. Најмногу заболени последното деноноќие има во Скопје 15, во Куманово четири, Дебар два, Охрид Штип и Тетово по еден. Со последните бројќи во Македонија има вкупно 201 заразен со Ковид 1.

Во Куманово денес престојувал експерт од Инфективна клиника кој разговарал за случаите, за приемот, за изолацијата на здравствените работници, ќе биде завршена стратегијата и овој град ќе биде со поголем опфат на тестирања.

Мобилното тестирање кое ќе започне на почетокот на наредната недела, со оглед на состојбата во Куманово ќе биде поинтензивно.

На Инфективна е испишан пациент од Дебар и се подготвува уште една пациентка од Скопје да оди на домашно лекување, таму има 3 излекувани и тројца починати. Филипче рече дека добра е состојбата на пациентите во Штип и малото девојче, мајката и бабата се стабилни без тешка манифестација на болеста.

„На Инфективна клиника комбинацијата од два вида на лекови кај добар дел од болните е веќе аплицирана терапија, а за тие што се во домашно лекување ќе бидат транспортирани до клиниката. Лекот мора да се дава по стручна индикација, ако има една форма на срцева слабост и таа се детектира, не смее да се дава оваа терапија“ рече Филипче.

Со ова нашата земја влегува во стручна научна студија заради терпијата која што почна да се аплицира на Инфективната клиника.

На новинарско прашање, зошто здравствените работници не се доволно заштитени и дали Министерството за здравство  ќе им помогне на здравените установи со заштитна медицинска опрема, во ситуација кога е забранет извоз секаде во светот, министерот одговори:

„Имав средба со абмасадорката на САД кои помогнаа во акредитација на лбораторијата на ИЈЗ, чекаме чекаме донација од Кина и во следните денови ќе имаме дефинитивен одговор. Очекуваме да добиеме  и 500 00о маски , 20 00 тестови, респиратори како помош од Владата на Норвешка( на почеток на април), но ние имаме и резерви, па со оглед на тоа што знаеме дека има предизвик со набавката од странство, секоја установа која што побарала,  добила помош“, рече Филипче.

Во текот на следните ден- два ќе има детален преглед на луѓето на кои им поминал карантинот, а кои беа зетекнати во Дебар и на кои име е поминат периодот на инкубација. Министерот рече дека во тек е он-лајн  тренинг на 20 доктори и 20 медицински сестри за тријажа, проценка и пристап на сомнителните и заболените пациенти, со помош на Браун Универзитетот и тие ќе бидат понатаму тренери на останатите здравстени работници низ државата.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.