Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациент почина поради немање на неопходни лекови

0
By Менче Атанасова Точи on December 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациент со пулмонална хипертензија почина пред да ја дочека неопходната терапија која му била ветена за понеделник. 70 годишниот скопјанец бил остваен без лекови откако пред една година му била регистрирана болеста. Како што објаснуваат во Здружението „Момент плус“, не била тука лекарката која требала да потпише за во аптека да му го дадат лекот кој му бил одобрен откако интервенирале кај министерот Филипче.

На овој човек не му следувала терапија бидејќи неговата болест била секундарна, односно имал и други дијагнози освен оваа. Такво било објаснувањето од единствениот лекар кој ги третира овие пациенти на Клиниката за кардиологија.

„Ние пред два дена отидовме кај министерот Филипче да замолиме да му се даде лекот и од него добивме позитивен одговор. Но, во аптеката каде што требаше да се подигне лекот ни рекоа дека треба да ја чекаат лекарката која единствено ја третира оваа болест, која е на пат,  за да потпише. Човекот не го дочека лекот, почина.“, изјави за НОВА Ирена Коцев, член на Здружението“ Момент плус“.

Пациентот кој не го дочекал лекот, досега само со свои средства си го купувал лекот кој чини околу 500 евра месечно.

Според податоците од Здружението „Момент плус“, во државата има десеттина пациенти со ова ретко заболување, а нивниот број е констанен бидејќи како што се појавуваат нови случаи, така од  веќе дијагностицираните по 2-3- ца умираат.

Само половината од овие пациенти ја примаат неопходната комбинирана терапија на товар на државата. Дел од нив на кои болеста  што им е секунадарна болеста, лекови не им следуваат.

„Процесот на регистарција на пациентите оди бавно, за некој има терапија , за некој нема. Терапија за постоечките има до јануари следната година. Доколку се примаат лековите овие пациенти може да се одржуваат во живот и до 20 години, ако не, акос е оставени без лекови, просекот на живот е 2 години и 8 месеци“, рече Коцев.

Ѓурѓица Ќаева, претседател на Здружението „Момент плус“

 

Во ова Здружение велат дека пациентите се принудени да шверцуваат лекови, најчесто поевтини од Бугарија, кои не се оргинални и се поевтини. Втората линија на терапија пак е уште понедостапна и најчесто чини 2 500 евра, месечно. Тие 5-6 пациенти кои ја примаат втората линија на терапија покриени с е со поевтин, турски лек кој чини 400 евра.

„Луѓето умираат бидејќи нема лекови. Ова е веќе трет пациент кој почина во последната година. А, толку веруваше и имаше желба за живот. Болеста е многу тешка, ние не можеме да дишеме и лековите за нас значат живот. Ние сме врзани и за апарат за кислод. Јас земав кредит за да го купам овој апарат,“ раскажува Гурѓица Ќаева, претседател на ова Здружение.

Фејсбук статус на Ѓурѓица Ќаева, претседателка на Здружението, по смртта на починатиот пациент

Ирена Коцев вели дека ќе бараат изземање на сегашната лекарка од Клиниката за кардиологија и назначување на друг лекар кој ќе биде одговорен за овие пациенти бидејќи не е првпат заради нејзино отсуство да имаа проблем кај пациентите.

Во Министертвото за здравство велат дека дополнително, во понеделник ќе се изјаснат за овој проблем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.