Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти од целијаклија остана без леб-нема безглутенско брашно на рецепт

0
By Менче Атанасова Точи on February 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе трет месец нема безглутенско брашно на рецепт за болните од целијаклија и од други автоимуни заболувања, тврдат пациенти кои не можат да го најдат брашното во аптеките.

Ова брашно кое е без глутен го користат пациенти кои во своето тело не смеат да внесат  глутен и со години наназад го земаат од аптеките на рецепт, преку позитивната листа. Килограм брашно приватно чини 260 денари, а со рецепт плаќаат 80 денари. На секој од нив му следува по 30 кг месечно. Од него прават леб, за секој ден по еден.

„  Аптеките три месеци не даваат брашно на рецепт, нема да добијат ниту овој месец. Велат, немаат квоти. Нема никаде. Порано го носеа во ланецот аптеки „Зегин“и во некогаш во „Еурофарм“. Од пред Нова година нема ниту грам брашно во ниту една аптека. Вчера пак ги поминав сите. Одговорот од едни аптеки е – не го носевме воопшто, пациентите не го бараа. Од други – немаме, не знаеме кога ќе има. Во Зегин велат не знаеме кога ќе дојде, а и дојде, може да нема квота бидејќи Фондот многу ги намали квотите“, вели скопјанката М. Г која има потреба од ова брашно.

Таа вели дека во Фондот за здравство и кажале да ги пријави аптеките бидејќи тие се  должни се да им дадат брашно на рецепт.

„ И да ги пријавам, јас брашно пак нема да добијам“, вели таа. Оваа жена не е единствената која се јави во редакцијата на НОВА. Пациентите се жалат дека ова станува сериозен проблем и дека го немаат основното, брашното од кое прават леб.

Во ФЗОМ велат дека правото на безглутенско брашно на осигурениците им е овозможено да го добиваат на товар на Фондот. Едниот тип на брашно е одобрено како лек на рецепт, а другото како ортопедско помагало, но дали се увезува е сосема друго прашање, велат во ФЗОМ.

„Осигурениците кои имаат проблем со остварување на ова право треба да се обратат кај нас и да посочат во која аптека им е кажано дека безглутенско брашно нема поради потрошени квоти“, велат од ФЗОМ.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.