Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентите од леукемија од денес се лекуваат со донација

0
By Менче Атанасова Точи on November 21, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2019 17:28

Од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка  против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб

Пациентите со леукемија(хронична миeлоична леукемија)од денеска почнаа да добиваат од лекот Иматиниб. На Клиниката за хематологија стигнала донација од 100 кутии кои ќе ги покријат потребите на болните од еден месец. НОВА, неофицијално  дознава дека донацијата е од „Септима“ една од фирмите учеснички на тендерот која е дисквалификувана бидејќи немала дозвола за промет.

Според информациите од Здружението на пациенти од ХМЛ, пациентите добиваат по една кутија од лекот, а не по една лента како што беше случај во последните 1-2 месеца. Утре ќе биде распишан нов тендер во Министерството за здравство за истиот лек, откако двата последни(на Хематологија и во Министерството) беа поништени. Сепак, неизвесно е до кога пациентите ќе имаат од неопходниот лек со оглед на тоа што тендерската процедура трае долго.

Денеска од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка  против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб. Поради ова тендерот на Хематологија беше поништен, а пациентите со хронична миeлоична леукемија 10 дена останаа без лекови.

Во Комисијата не откриваат за кои фирми се работи, но посочија дека доколку се утврди дека има прекршување на Законот тие ќе донесат соодветно решение со кое се утврдува колку ќе изнесува казната.

„Фирмите имаат право да се жалат на одлуката прво до Управен суд, а потоа и до Вишиот Управен суд  и доколку Судот го потврди решението на Комисијата, глобата може да изнесува најмногу до 10 проценти од вкупните приходи на компанијата, согласно билансите“, велат за НОВА во Комисијата за заштита од конкуренција.

Стручни лица добро запознаени со случајот за НОВА неофицијално потврдуваат дека станува збор за двете фирми„Македонија лек“ и  „Зегин“. Тие објаснуваат дека на тендерот „Македонија лек“настапила со вртоглаво висока цена од 45 000 денари(731 евра) за кутија, односно 1500 денари по таблета од лекот Иматиниб. „Македонија лек“ понудила лек од производителот „Плива“, а „Зегин“ од „Крка“.

По ова,  од „Зегин“ се повлекле од тендерот, а„ Македонија лек“ останала со овие високи цени.   Само за споредба на претходниот тендер цената на лекот изнесувала 93 денари од таблета, односно 45 евра за кутија.

Инаку, „Македонија лек“ е истата веледрогерија што дистрибуираше вацини против морбили во амбулантите пред истекување или со истечен рок на траење.

Останува да се види, што ќе се случува понатаму. Лекарски извори за НОВА коментираат дека во случајот одговорноста е на Клиниката за хематологија која не го планирала тендерот на време, а згора на се ова е период(во очи на Нова година) кога цените на лековите се најскапи. Тука има простор и за вакви, договорени цени кои се погубни за јавните финасиски средства наменети за лекови. Со ова, Клиниката одлучува за судбината на најтешко болните кои во овој случај останаа без неопходната терапија, што за нив значи живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.