Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патувачкото кино на „МакеДокс“ на „Д-Фестивал“

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Со проекциите на документарните филмови „Ликвидатор“, „Дае“, „Ритам и звук“, „Во потрага по Фела“ и „Звукокршач“, Патувачкото кино беше дел од креативното здружување на музичкиот „Д-Фестивал“, што се одржа од 15 до 17 јули во Стар Дојран.

Патувачкото кино на „МакеДокс“, кое оваа година од 11 до 25 јули е во валандовско-дојранскиот регион, со селекцијата на музички документарни филмови направена за „Д-Фестивал“ даде свој придонес во обемната тридневна програма на музичкиот фестивал што од година во година привлекува сѐ повеќе музички фанови, но и туристи. Покрај музичката програма, на фестивалот се случија и поетски читања, рекреативно-забавни активности и повеќе дебати на невладиниот сектор. Оваа година во програмата беа ставени и филмските проекции на „МакеДокс“.

patuvacko2

Првично замислени да се одвиваат пред сцената „Москито“, поради невреме и силен ветер, организаторите на „Д-Фестивал“ и екипата на МакеДокс“ требаше да пронајдат нова локација за поставување на филмското платно. Имајќи предвид дека во црквата „Свети Илија“ веќе се одвива музичка пладневна програма, беше одлучено на третиот ден од фестивалот во вечерните часови проекциите во форма на филмски маратон да се одржат во црквата.

Во црквата „Св. Илија“, која е препознатливо обележје на Стар Дојран и претставува значајно културно наследство од 19. век, во тек е процесот на реставрација и непосредна заштита на објектот. Проектот се реализира со цел овој духовен храм да се преосвети и повторно да биде ставен во активна црковна служба. Чинот на осветување на црквата треба да се случи во спомен на стогодишнината од бомбардирањето во Првата светска војна, кога храмот претрпел сериозни оштетувања и бил ставен надвор од употреба.

patuvacko4

Црквата „Свети Илија“ во Дојран е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште. Во поново време познато е дека во разрушената црква додека била без кров, значи под отворено небо, се одвивале проекции на македонската филмска продукција во рамките на некогашната културна манифестација „Дојрански ракувања“. На некој начин, со проекциите во црквата, Патувачкото кино ја продолжи таа стара традиција.

По Дојран, Патувачкото кино се враќа на својата патека, а следни станици се Костурино (19 јули), Јосифово (20 јули), Валандово (22 јули), Богданци (23 јули) и Фурка (25 јули).

Седмото издание на Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.

patuvacko3

Медиумски покровители на Патувачкото кино се Првиот програмски сервис на МТВ, ТВ 24 Вести, Нова Македонија, Слободен печат, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Канал 103, ЏезФМ, Радио МОФ, МКД.мк, ОФФ.нет, Плус Инфо, Окно, Нова ТВ, А1ОН, Плагиј.ат, Е-магазин, Репер, Лице в лице, Его и Бла Бла ТВ.

Седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје ќе се одржи од 20 до 26 август 2016 година, во Куршумли-ан и МКЦ, со мото „Сите сме приказна“.

Активностите на „МакеДокс“ и на Патувачкото кино можете да ги следите и на: www.makedox.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.