Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пауновски: Државниот пазарен инспекторат утврди сериозни пропусти кај кафитериите

0
By Нова ТВ on May 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 29, 2020 17:05

Сериозни пропусти, непридржување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана, забележал Државниот пазарен инспекторат , информира директорот на инспекторатот Стојко Пауновски на денешната вонредна прес-конференција. Директорот Пауновски истакна дека во текот на вчерашниот ден  Државниот пазарен инспекторат направи увид и дека сериозните прекршувања кои се забележани ќе бидат санкционирани согласно членот 205 и 206 од Уредбата донесена од Владата.

„За жал, увидот на инспекторите од терен уште на првиот ден е крајно разочарувачки и загрижувачки. Забележани се голем број и многу сериозни пропусти и непочитување на одредбите од протоколите. Во Државниот пазарен инспекторат ги оценуваме и како злоупотреба на добрата волја во првата недела од воведување на протоколите за работа на кафетериите и рестораните да не се изрекуваат казни од страна на поголем број сопственици и менаџери“, информираше директорот Пауновски.

Тој посочи дека овие протоколи се донесени за да се спречи ширењето на коронавирусот бидејќи КОВИД-19 е сè уште меѓу нас. Пауновски истакна дека иако дел од угостителите ги почитуваат мерките, сепак е забележана тенденција на непочитување и од страна на угостителите и од страна на гостите кои ги посетуваат локалите, за која најави дека нема да се толерира.

„Од овие причини, најавувам дека Државниот пазарен инспекторат од денеска ригорозно ќе ги применува своите надлежности. Ќе имаме интензивно присуство на терен и секоe прекршување на одредбите од протоколите ќе биде казнето“, потенцираше Пауновски.

Тој упати апел до сите граѓани дека ситуацијата е сериозна, дека се работи за сите нас и повикува на свесност и совесност во примената на протоколите за безбедно работење на угостителските објекти.

 Во продолжение се одредбите од протоколите:

Протокол за отворање и работа на кафетерии утврдува дека нивното работно време е од 08:00-22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови – терасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во кафетериите кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а бројот на гости е ограничен само на тие што можат да седат, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и на стоечки маси.

Протоколот предвидува задолжително менаџирање на влегувањето на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Сопствениците или менаџерите на кафетериите се задолжуваат да постават дезинфекционо средство за раце на секоја маса, и да определат одговорно лице коешто ќе врши засилени внатрешни контроли на вработените за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.

Протоколот утврдува засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости, а на крајот на смената е задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот наведува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите, а задолжително е користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави како што се приватни веселби, родендени, свадби и слично.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.