Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павле Трајанов предлага Собранието да усвои заклучок за бришење на делот со едностраните декларации за македонскиот јазик

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Павле Трајанов од име на неговата партија Демократски сојуз испрати до претседателот на Собранието Талат Џафери негов предлог – заклучоци што треба да ги усвои Собранието во врска со модифицираниот француски предлог. Потегот на Трајанов доаѓа во пресрет на парламентарната расправа за предлог-преговарачката рамка од ЕУ, за што се чека Џафери да го одреди датумот на седницата. Во предлогот Трајанов бара да се изостави делот за еднострани декларации за македонскиот јазик како и делот за билатералните прашања меѓу двете држави да се дел од преговорите со ЕУ.

Како што е најавено заклучоците што ќе ги усвои Собранието ќе бидат патоказ на Владата за натамошно постапување околу ова жешко прашање.

Предлог заклучоците ги даваме во интегрална форма:

1. Собранието на Република Северна Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Северна Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската
Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси, да се усвои Преговарачка рамка во која ќе бидат вградени европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми согласно со спецификите и постигнатите резултати на Република Северна Македонија.

2. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија, доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара. Преговорите да се водат врз основа на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на
Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.

3. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија во документите (Општ став на ЕУ, Преговарачка рамка, Заеднички став на ЕУ и Заклучоци на Советот на ЕУ) да се заложи Советот на ЕУ да ги вгради следните предлози:

А. Во Општиот став на ЕУ (Воведна изјава на ЕУ за отворање на пристапните преговори), во точка 3 да се избришат зборовите: „Во однос на преводите на acquis- правото на ЕУ на македонски јазик, ЕУ ги зема предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик.“
Се додава нов став: „По приемот на Република Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик станува службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка.

Б. Од преговарачката рамка, да се изостават билатерални прашања наметнати од Бугарија. Во оваа насока во точка 5, во последната алинеја да се избришат зборовите: „како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување, според член 12“.

На овој начин, протоколите кои ги потпишуваат Република Северна Македонија и Бугарија ќе бидат обврзувачки за двете држави, без да се инволвира во нив ЕУ во целина.

В. На првата меѓувладина конференција да се усвои преговарачката рамка, со што ќе почнат пристапните преговори, скрининг процесот, а потоа и отворање на поглавјата, без дополнителна меѓувладина конференција.
Во документот Заеднички став, од точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“, целосно да се избрише точка 11, бидејќи е непотребна доколку Советот на ЕУ ја усвои Преговарачката рамка.
Во точка 13 да се избришат зборовите „Откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“, а во точка 14 да се избришат зборовите „Во таа насока, го поздравуваме договорот за Протоколот од вториот состанок на
Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со член 12 од овој договор“.

Г. Во предлог заклучоците на советот на ЕУ, да се избрише точка 3, бидејќи се однесува на Протоколот од вториот состанок на меѓувладината комисија формирана според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Д. Советот на Европската Унија во заклучоците во точка 3, да дефинира обврска, Република Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург, поврзани со правата на Македонците во Бугарија.

4. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за конечната усогласена Преговарачка рамка и другите документи кои што ги усвојува Советот на ЕУ, дали и кои предлог заклучоци на Собранието на Република Северна Македонија се вградени во овие документи, како и за текот на преговорите во целина. (С.К.)

Павле Трајанов предлог-заклучоци до Собранието Собраниска расправа француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.