„Партијата за целосна еманципација на Ромите најстрого ги осуди обидите на власта да ги деградира и навреди припадниците на ромската националност со организирањето и одржувањето на режирани прес-конференции“, реагираат од ПЦЕС.
Според нив намерата да се девалвира градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за неговата храбра одлука да донесе освежување на градското сивило, преку нарачани и напишани прес конференции, го сметаме за најдолно и нехумано искористување на Ромите во Република Македонија.
Власта наместо да се погрижи за подобрување на лошата состојба и нискиот животен стандард на овие луѓе, дрско се осмелува да ги искористи за добивање на политчки поени. Сарказмот и иронијата кои преовладуваа во текстот кој беше прочитан од страна на непознато здружение на Ромите, е доказ за неозбилниот пристап на Власта кон ромската заедница во Македонија, реагираат од ПЦЕР.
Мухамед Точи од невладината организација Месечина во изјава за НОВА изјави дека не чул дека постои таква невладина организација. „Мислам дека се злопотребени за дневно полтички цели и жалам што не се ни свени што зборуваат“, вели Точи за здружението на Роми од кое вчера изразија симпатии за зградата „папагал“ и желба да живеат во неа, зашто што тој стил, како што рекоа бил близок на ромската култура.




