Published: Tuesday, January 7, 2014 12:27
Мухамед Халили, поранешен заменик претседател на Партијата за демократски просперитет најави дека ПДП повторно ќе се појави на политичката сцена како самостоен правен и политички субјект. Основачкото собрание на партијата, како што изјави Халили за Порталб. ќе се одржи до крајот на месецов.
„Заедно со некои албански интелектуалци правиме големи напори оваа партија повторно да се создаде, а целта ни е да се врати во Македонија соодветната политика за Албанците во земјава. Ние сме подготвени за нови избори“, најави Халили, еден од основачите и истакнати членови на ПДП.




