Педесетгодишната Сузана Т. П. од Скопје загина во сообраќајката што се случи во вторникот вечерата околу 20 часот на улица „Васил Ѓоргов“, кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец, јавуваат медиумите.
Автомобил „Опел корса“ со скопски регистерски таблици со голема брзина преку скали влетал во еден од излозите на околните згради.
Жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош.
Возачот на автомобилот, триесет и седумгодишниот Б.Б. од Скопје и неговата сопатничка, триесет и тригодишната Ј.П. со телесни повреди се пренесени во Ургентниот центар.
Според непотврдени информации, сопатничката е пуштена на домашно лекување, додека возачот е задржан за понатамиошно лекување.
Полицијата извршила увид на лице место и сите докази ќе ги предаде во јавното обвинителство, од каде ќе се води истрагата.
Земени се крв и урина од возачот за да се утврди дали бил под дејство на алкохол. По неговото опоравување обвинителството ќе го преземе случајот и ќе ја утврдува неговата одговорност.




