Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПЕН: Лустрацијата на Јаневски е врв на апсурдот

0
By Нова ТВ on June 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 28, 2013 19:15

Македонскиот ПЕН центар со големо исчудување ја прими веста за лустрацијата на еден од своите оснoвачи и носечки столбови на македонската литература и култура Славко Јаневски.

Дотолку повеќе што станува збор за автор, мртов повеќе од една деценија, за автор кому токму власта што го лустрира, пред извесно време му откри два споменика – еден во Паркот „Жена борец“ друг на Мостот на уметноста, реагира преку соопштение Македонскиот ПЕН центар.

-Македонскиот ПЕН центар силно се противи на настојчивите обиди на Комисијата за лустрација самата да си се претвора во Комисија за утврдување на гревови од било кој вид, скршнувајќи од нејзината единствена и основна цел – оневозможување поранешните соработници на службите за безбедност да можат денеска да бидат носители на јавни функции.

Македонскиот ПЕН центар не може да сфати со колкава леснотија Комисијата за лустрација се пресметува со мртви луѓе кои не можат да се бранат и да ја докажат својата невиност, а за кои уште од римско време постои начелото – за мртвите не се расправа.

Не сакајќи да навлегува во наводите на Комисијата, која со ова го достигнаа врвот на апсурдот, Македонскиот ПЕН центар потсетува дека вредносната скала во уметноста не ја прават никакви комисии и силно ја подвлекува незаобиколната и незаменлива улога на Славко Јаневски во развојот на македонската литература и култура.

Едновремено, енергично бараме од надлежните државни органи да ја вратат работата на оваа Комисија во нејзиниот законски делокруг, се вели во соопштението на ПЕН, за лустрирањето на писателот Славко Јаневски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
ФОКУС
March 5, 2026Updated:March 5, 2026

Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето

ВЕСТИ March 5, 2026

Преживеан и повреден во пожарот во „Пулс“, Кристијан Китанов се најде во непријатна ситуација кога…

„Магичната флејта на Вулфи“  на Тина Иванова во Македонската филхармонија

March 5, 2026

Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека – ќе се сослушуваат сведоци од обвинителство

March 5, 2026

НАТО пресретнал иранска балистичка ракета што летала кон турција

March 4, 2026
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.