Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Делови од општеството потфрлија во примена на мерките за Ковид 19

0
By Нова ТВ on June 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 21, 2020 11:57

-На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мислам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

– Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на Владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, истакнува шефот на државата.

Според него, при тоа, не можете да се исклучат од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ, кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Во врска со прогласената вонредна состојба, тој истакнува дека во дел од од јавноста, дел свесно, дел несвесно, имало недоразбирање околу толкувањето на оваа, како шро вели, „навистина уникатна ситуација“.

– Бројката на заразени, не е небитна од човечки аспект, и на починати се разбира, меѓутоа јас со вонредната состојба дозволив Владата да владее во време кога нема Парламент, значи Владата во исто време да биде и Парламент, да носи закони, и Влада – да ги имплементира законите. И во таа ситуација логично е дека вие давате да може да владеете од политички причини вонредна состојба. Не давате заради бројката на заболени. Сега јас не велам дека има помалку, дека короната е под контрола, меѓутоа велам дека сега Владата ме информира писмено дека има доволно залихи дури до крајот на годината, финансиски и други ресурси да се спротивстави на короната, вели претседателот Пендаровски.

Во врска со подгревањето на националистичките тензии во предизборието, Пендаровски нагласува оти смета дека национализмот не игра битна или доминанта улога пред избори, ниту има пресудно значање за тоа кој ќе биде изборен победник.

– Ваквите одредени изблици на национализам мене ми се чини дека се свесно медиумски насочени за да постигнат ефекти кај таргетиран дел од популацијата, вели претседтелот на Републиката, истакнувајќи дека национализмот го поттикнуваат политичките партии кои учествуваат на изборите и сакаат да направат резултат и сметаат дека нивниот партиски електорат сака тоа да го чуе.

Околу идејата на ДУИ за „премиер Албанец“, Пендаровски нагласува дека нема никаква уставна, политичка или законска пречка премиер на државата да биде Албанец.

– Не навлегувам во тоа кои се нивните партиски мотиви, јасни ми се, меѓутоа не гледам никаква пречка да го истакнат тоа како свое политичко барање пред нивните идни потенцијални партнери во идната влада, ако бидат во таква ситуација. Она што јас сакам да го кажам во тој контекст дека досега владејачката партија, односно претседателот на најголемата партија во владејачкото мнозинство секојпат со два мали исклучоци бил и премиер. Премиерот, според нашата поставеност на политичкиот систем, е најмоќната политичка фигура, тоа го знаеме сите, додава шефот на државата.

Во врска со преговорите за членство со ЕУ и можноста за вето од страна на Бугарија на овој процес, Пендаровски истакнува дека не очекува таков потег од страна на Софија.

– Мислам дека Бугарија ја има научено лекцијата од претходните децении, во смисла дека можеше да биде многу покрупен регионален играч, геополитички и геоекономски, а тоа не го направи и не треба да влезе во матриците на 19 и 20 век. Мислам дека нема да влезе комплетната бугарска политичка елита, бидејќи ќе сака во нашата држава да биде присутна на поинаков начин, повеќе и на поинаков начин, не со блокади и со вета, и мислам дека е добро да погледаат во примерот со Грција.

После Преспанскиот договор Грција неспорно се позиционира како клучниот регионален играч на кој години и децении наназад му беше оневозможен пристапот од оваа јужна страна кон Европа, бидејќи имавме спор кој траеше, истакнува претседателот Пендаровски во интервјуто за Радио Слободна Европа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.