Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски до партиите: Никој не е вечно на власт, отворете ги изборните листи

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Институт за Европска политика пред почетокот на денешниот настан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лично сметам дека намалувањето на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборниот праг, како и отворените листи, имаат потенцијал да ја збогатат парламентарната дебата и да придонесат за намалување на поделбите меѓу граѓаните, рече претседателот Пендаровски во денешната дебата за изборните реформи што се одржува во организација на Институтот за европска политика – Скопје.

Пендаровски рече и дека верува дека отворените листи ќе придонесат за зголемување на демократската политичка култура и поголем ангажман на граѓаните во политичкиот процес и ги повика, како што рече, оние кои во иднина ќе одлучуваат за промени во изборниот модел при разгледувањето на можните опции да се водат од јавниот интерес и подобрата иднина за сите наши граѓани. „Затоа што во зрелите демократии, никој не е вечно на власт“, рече тој.

Пендаровски аргументираше дека првите повеќепартиски избори во 1990 биле според мнозински модел и дека „пратениците од тој парламентарен состав успеаја во огромно мнозинство да се обединат околу стратешките државни интереси, како што беа референдумот за македонската независност, првиот Устав на независна држава, системските закони, монетарното осамостојување и евроатлантска ориентација на државата“.

„За жал, низ годините и со модификацијата на изборните модели, од мнозински, прво преку комбиниран в0 1998 година, па се до чисто пропорционален со шест изборни единици од 2002-та, се намалуваше плуралноста и според бројките и според содржината, да бидеме реални. Помалите партии или се претопуваа во две-три големи предизборни коалиции или, заедно со независните кандидати исчезнуваа од македонската политичка сцена бидејќи не можеа да го достигнат ниту т.н. природен изборен праг. Прашање кое бара сериозна политичка анализа е дали поголемата плуралност во раните 1990-ти значеше и помала политичка поларизација меѓу политичките субјекти и помеѓу граѓаните, и обратно, но, првичниот впечаток е токму таков“, посочи шефот на државата.

„Уште на почетокот на мојот мандат ја поддржав иницијативата на неколку политички субјекти за реформа на актуелниот изборен модел. Генерално, мојата поддршка беше за создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи, како и намалување на бројот на изборни единици на целата територија на државата. Според мене, едно исклучително важно прашање за натамошната демократизација на земјата – отворените листи на кандидати за пратеници, во сите досегашни дебати на оваа тема се неправедно потиснати во втор план во однос на прашањето за бројот на изборните единици“, порача тој. (С.К.)

Видео на следниот линк: https://youtu.be/lE8RgAdF9yo

изборни реформи отворени листи Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.