Македонскиот претседател, Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Ерменија.

Како што информира Кабинетот на претседателот, Ами Ларсон Џеин е новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска, а Андраш Клајн е новоименуван амбасадор на Унгарија во земјава.

Армен Једигариан е новоименуван амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.