Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ќе се обидат да употребат пари и закани на изборите

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 11, 2014 16:32

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, во битолско – ресенскиот регион, на ден пред изборниот молк испраќа конкретна порака до граѓаните за гласањето в недела, соопштува СДСМ.

-Кутиите да ги чуваме, ако треба да не спиеме. Волјата на граѓаните е смена на власта, веќе е јасно. Со волјата на народот актуелната власт не може да победи. Тие ќе се обидат да ги употребат сите механизми, од пари до закани, но сетете се, за до кога? За два дена? И потоа старата мака следните 4 – 5 години, со ризик да си ги изгубиме и овие луѓе кои ни останаа во земјава. Издржете, да не дозволиме да ја фалсификуваат волјата на народот.

Излезени се во голем број по улиците, од млади до стари луѓе кои едвај одат. Даваат поддршка, се сликаат со него, си ги кажуваат маките и изразуваат надеж.

Тмурно е над Македонија, осветли ни ја. Овој емотивен коментар беше од жител во село Сопотница, но не е единствен.

Повозрасна жителка која со бастунот едвај се качи по стрмните скали до студената сала на Месната заедница во село Суводол, вели дошла да му ја стегне раката на Стево, да го поддржи и да порача дека власта, за доброто на сите, мора да замине.

Луѓето во Демир Хисар правеа споредби со полните улици за Стево Пендаровски денеска, наспроти вчерашната посета на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кога било празно.

Ни наметнаа други давачки, а наводно ни даваат субвенции. Не даваат. Партиски ги делат и тоа пред избори. Никој не смее да не уценува за нашиот труд. Овие категорични пораки се слушнаа од жители во Могила.

-Меѓу нас има голема разлика. Тие мислат само за 5 -6 луѓе околу нив.Ние мислиме за сите. И сега велите немало посетеност. За која политика што ја спровеле, ќе речат добро е? Во социјалата, образованието, економијата?
Ве повикувам да гласаме, за комплетно нова политичка структура, што ќе ни ја повлече Македонија напред, повика претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.