Можно е новонастанатата ситуација со коранавирусот да го смени ставот и да се воведе вонредна состојба. Сега за прв пат имаме случај и во Скопје, каде многу се поголеми шансите за ширење од Дебар. Потенцијалот е неспоредлив. Потребно е дополнително распоредување на сили, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.
„Општа оценка е дека досегашната димензионираност на министерството за здравство беше доволна да се спречи вирусот. Но, од денеска влегуваме во друга фаза. Од вчерашниот состанок до денеска имаме дуплирање на случаите. Мораме дневно да правиме анализи во главниот штаб на владата и Центарот за управување со кризи. Доколку е неопходно Советот на безбедност секојдневно ќе се состанува. Проценките на министерот Филипче се дека можно е пикот на ширењето на вирусот да биде еден месец. Не е исклучено дека ќе треба да се воведе поинаква состојба од онаа што е сега односно кризна состојба на две места во државата“, вели Пендаровски.
Претседателот додава дека добро е да се воведува кризна состојба во општини каде ќе се појавува вирусот. Во Центар Жупа и Дебар има над 350 луѓе од војската и полицијата, а прашање е дали моментално двете заедно имаат 10 илјади граѓани. Со комплетно ангажирање на армискиот, полицискиот состав, ние така не можеме да го направиме тоа. Немаме ресурси да ја покриеме цела држава.
„Вонредната состојба доаѓа во предвид, може да се воведе наредните денови. Во овој моемент не постои држава, во нашиот регион од пет соседи четири имаат прогласано вонредна состојба, ниту една држава во светот, не само соседите, немаат воведени мерки кои кај нас ги нема. Вонредната состојба може да дојде на маса не за да направиме нов сет на мерките. Мерките ги имаме и до сега. Туку затоа што пополека влегуваме во економска криза, уште сега се големи економските штети. Последната проценка на Светска банка може да се надеваме на раст од 0.6 до 1 отсто, порано беше до 3,8 отсто. Доколку не преземеме нешто ќе влеземе во рецесија. Доколку има вонредна состојба, Владата ќе може да ја бајпасира ситуацијата бидејќи со актуелната буџетска поставеност не може да издржиме во ситуација кога Собранието носи во тој дел одлуки, а сега е распуштено“, вели Пендаровски.




