Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски на средби со жителите од Скопско: „Македонија да биде мајка на сите“

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2014 18:42


Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски денеска оствари средби со жителите на Ченто, Сингелиќ, Хиподром и Јурумлери.

– Ќе бидам претседател кој ќе работи за доброто на граѓаните и на Македонија, порача претседателскиот кандидат на СДСМ пред граѓаните.

Тој беше на пазарот, зборуваше со минувачите, ги посети и околните дуќани.


Гледајте каков ни е патот во 21-от век во Скопје. Кал на сите страни, а тротоари нема. Овде никогаш не се инвестирало. Нема инфраструктура, нема канализација, нема вода и струја во голем дел од денот. Тука не живееме како луѓе, се пожалија жителите на село Сингелиќ.

Ни ветуваа работа, а работа нема. Власта ни ветуваше подобар живот, а ние живееме во сиромаштија. Ние сме многу разочарани. Но знаеме дека ни е потребен претседател кој ги разбира човечките маки. Во вас гледаме таков претседател и затоа ќе гласаме за вас, велат граѓаните.

Пендаровски рече дека ќе се заложува за подобар живот на сите граѓани.

-Не смее да има делби. Ако си член на ВМРО-ДПМНЕ ќе добиеш се, а ако не ништо. Но, мојот план е да не ги делам луѓето ни по партиска определба, ни по вера ни нација. Да заборавиме на тие делби.


Младите од Хиподром со транспарент му порачаа на Пендаровски: „Стево, во тебе го гледаме најголемиот сојузник“. Во директната комуникација му рекоа дека во него гледаат надеж за нивната иднина во Македонија.

Стево Пендаровски беше и во Јурумлери. Жителите и таму се пожалија на сиромаштија и мизерни услови за живот. Истата мака. Немаат вода за пиење.

– Да им дадеме шанса на нови луѓе и на нови политики. Да завртиме нова страна во историјата. Македонија да биде мајка на сите, повика Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија.

Видеото и фотографиите се во сопственост на Социјалдемократскиот сојуз

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.