Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Народот е преморен од чекање датум за преговори

0
By Нова ТВ on June 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2019 15:44

Претседателот Стево Пендаровски од Брисел порача дека „заморот од проширувањето“ на кој се повикува Европската Унија го чувствува и Северна Македонија, која се наоѓа во чекалната од 2005-та година.

Пендаровски, на конференција организирана од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, одговарајќи на прашања од публиката, потсети дека Северна Македонија, по четиринаесет години и десет позитивни препораки од Европската Комисија, е рекордер во чекање старт на пристапните преговори со Европската Унија.

-Заморот од проширувањето се наоѓа од двете страни, ЕУ вели дека приемот на некои земји за време на големото проширување кон истокот не дал задоволителни резултати, но кај нас народот е навистина преморен од чекање, одговори претседателот Пендаровски.

Тој потсети дека се исполнети сите реформи кои се бараа од Северна Македонија за почеток на преговори и дека земјата испорачала за спорот со името.

– И сега што? Повторно треба да чекаме? На чија страна е заморот?, праша Пендаровски.

Тој истакна дека целосно поддржува отворање на преговорите со ЕУ за Албанија, но истакна и дека постои сомнеж кај одредени владејачки елити во Унијата околу тоа што би можело да се случи доколку се одвојат Албанија и Северна Македонија во процесот на добивање преговори за членство.

-Некои велат дека не е добро да се одвојат двете земји ако се има на ум дека во наредните месеци, меѓународната заедница треба да се справи со косовското прашање и да ги доведе Приштина и Белград до заедничко решение, и нивниот аргумент е дека без сериозна поддршка од Косово и пред сѐ од Република Албанија, косовските Албанци нема да навлезат сериозно во овие преговори. Има некои аргументи тука, но од друга страна ако се ценат постигнувањата, ние направивме сѐ што требаше и направивме нешто што никој не го направил – го сменивме името на нашата земја, изјави претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека на своите гласачи им објаснува дека одлуката да се промени името на државата е донесена поради Европската Унија, и дека доколку ЕУ не го испорача својот дел, луѓето ќе бараат алтернатива.

-ЕУ го кажа тоа што го кажа минатиот јуни, ние го направивме тоа што го направивме, Албанија го направи тоа што го направи во последната година, тоа што сакаме е фер шанса, судете ни врз нашите заслуги или грешки ако ги има, но не велете ни дека сега доаѓа летниот одмор, доаѓа нова Европска Комисија, па се споменува есенската седница на Бундестагот, ве молам, нагласи Пендаровски.

Тој додаде дека јуни 2019 како датум во минатогодишните заклучоци на Советот на ЕУ за одлука за преговори беше одбран поради изборите за Европски Парламент.

-Рекоа веднаш по европските избори, сега поминаа изборите, и ние чекаме, рече Пендаровски и потсети дека пораката на европскиот претседател Доналд Туск утринава беше токму дека „проблемот сега не е кај вас, туку кај нас“.

Според Пендаровски, треба да се има на ум исто така дека голем дел од проевропските граѓани изгубиле надеж во европската идеја, судејќи по изборните резултати од референдумот и од претседателските избори.

-Минатата година на референдумот, 600 илјади проевропски граѓани гласаа „за“, јас бев избран со 440 илјади гласови, што значи дека проевропскиот табор изгуби сто илјади гласови, рече Пендаровски.

Според него, Северна Македонија нема план Б доколку нема преговори летово со ЕУ.

-Јас не гледам никаква одржлива алтернатива, рече претседателот, и предупреди дека во наредниот период ќе биде многу важно што ќе се случува со Косово и Србија.

Во тој контекст тој оцени дека идејата за размена на територии е „една од најужасните идеи“.

-Тоа ќе предизвика веднаш конфликт, алармираше Пендаровски и оцени дека не смее да се зборува за промени на граници во овој регион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.