Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски не очекува во наредните неколку недели да се постигне договор со Бугарија

0
By Нова ТВ on November 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски не очекува во наредните неколку недели да се постигне договор со Бугарија со што би се деблокирал патот на Северна Македонија кон ЕУ. Бугарија вели тој, драстично ја променила политиката кон земјава во изминатите неколку месеци. Со таква политика, според него, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков. Сепак, вели дека решение треба да продолжи да се бара во иднина, но само преку научни и историски факти, а не политички.

-Реални шанси не постојат. Шанси некакви минимални постојат, но реални изгледи, високи, мнозински за жал не постојат. Затоа што, ме прашавете за Радев, јас ќе ги спојам овие две тези внатре околу шансите и околу мојот разговор со бугарскиот претседател. Претседателот Радев не се разликува од премиерот Бојко Борисов, од Екатерина Захариева, не се разликува од Каракачанов. Станува збор само за персонални стилови, личен стил,  дали ти се изразуваш на еден начин, јас на поинакво начин, меѓутоа  главните позиции , главните тези на бугарската политика кон нас или кон тоа како го велат тоа историачрите  т.н.  македонско прашање е идентично во последните 70 години. Основоположник на тие позиции дека не постои македонски народ и не постои македонски јазик е Тодор Живков. Значи практично, бугарската денешна актуелна современа политика, власт, опозиција сосема сеедно, нема излезено од матрицата на живкоизмот и од матрицата на нивната комунистичка историографија, рече Пендаровски за Трилинг на ТВ 24

Тој во интервјуто посочи дека во изминатите неколку месеци имало промена на политиката на Бугарија кон Северна Македонија.

-Некои велат се должи на внатрешно бугарската политичка динамика пред нивните закажани парламентарни избори за март до година. Некои велат дека е тоа,  јас тука мислам дека има резон дека е долгодецениска нивна политика по тоа прашање  и тука нема  политичар кој може битно да отстапи од тие  параметри на таа позиција, вели претседателот Пендаровски.

Поради блокадата на евопските интеграции на земјава, потенцира Пендаровски, реално е да се јави евроскептицизам и антибугарско расположение.

-Антибугарското расположение не треба да чекаме дали ќе се случи во иднина. Тоа веќе се случува и јас притоа не би навлегувал во мотивите. Многумина велат заради ваквата реторика од бугарска  страна многу е тешко вие да немате пораст на антибугарското расположение. Меѓутоа факт е дека такво нешто се случува. Она што загрижува е порастот на  евроскептицизмот, вели Пендаровски.

Тој додава дека во изминатите неколку години поддршката за евроинтегративниот процес кај македонците се зголемила, со оглед на тоа што во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ таа доста опаднала. Но, вели претседателот, реално е да се очекува повторно да има пад на поддршката за евроинтеграциите.

Сепак, претседателот Пендаровски не очекува дека е можна политичка криза поради блокада на овој процес за интеграција во Европската унија, туку само појава на десен популизам во политиката.

Пендаровски вели дека политиката на Бугарија за блокирање на земјава во напредокот за членство во Европската унија не е поддржана од ниту една земја членка. Информациите коишто ги имаме од Брисел, како што потенцира, велат дека ниту една земја или државник не го поддржува ветото од официјална Софија, за старт на отпочнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Тој вели дека во земјава е потребно да има национално помирување и заеднички позиции околу две три точки и прашања меѓу политичките субјекти.

– Факт е дека станува збор за различни идеопартиски  идеологии. Јас разбирам дека од тој аспект гледано тешко е да се направи национално помирување или заедничка национална позиција за две – три точки.  Меѓутоа, таков тип на  партиска поделба постои практично во сите демократски држави во светот.  И тие повторно успеваат да направат национален консензус, за име, за јазик, за евроинтеграции…, вели претседателот Пендаровски.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.