Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Од ЕУ очекувам неодложно да одредат датум за преговори

0
By Нова ТВ on June 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 4, 2019 12:13

Како претседател на Северна Македонија, од Европската унија очекувам лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.

ЕУ, посочи Пендаровски, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.

– Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира гражаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион, рече претседателот Пендаровски.

Минатата недела, укажа, Северна Македонија го доби најдобриот и најпозитнивниот извештај од ЕК за напредокот и интеграциите.

– Добивме чиста и безусловна препорака за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. За да стигнеме до тука не беше ниту малку лесно. За многу кратко време успеавме да решиме децениски прашања. Северна Македонија е единствената држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи, туку само отворени перспективи, посочи Пендаровски.

Истакна оти има уште многу да се сработи и оти  се преземаат активности да се постигне суштински и демократски напредок за граѓаните.

– Подготвени сме да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ. Членството во ЕУ и во НАТО е нашиот највисок стратешки приоритет. Изразив надеж дека и ЕУ ќе го следи примерот на НАТО и ќе даде датум за почеток на преговорите.Преговорите за членство ќе бидат кохензивен фактор во нашето мултиетничко општество. Датум ќе ги мотивира институциите во државата одговорно да ги спроведуваат суштинските реформи, неоходни за инклузивна, стабилна и функционална демократија. Да не заборавиме дека интеграција во ЕУ е единствениот заеднички содржател на сите земји во Западен Балкан,  оцени претседателот.

На конференцијата на Подгоричкиот клуб Пендаровски порача дека регионалната соработка е клучна за развој на нашите држави и овозможува поврзување на сите нивоа.

– Верувам дека Подгоричкиот клуб, како совет на искусни лидери, ќе му помогне и овој пат и вие веќе тоа го правите со вашата амбициозна визија за Западен Балкан „Визија 2030“, визија што е растоварена од минатото и историјата и е целосно фокусирана на сегашноста и иднината, порача Пендаровски.

Во очекување на состанокот на Европскиот совет, кој треба да одлучи кога земјава ќе почне преговори со ЕУ, по чистата и јасна препорака и позитивна оценка на реформите од ЕК, владина делегација денеска е во посета на Брисел на средби со највисоките претставници на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.