Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Португалското претседателство очекува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за С. Македонија

0
By Biljana on May 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Португалското претседателство очекува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ,  изјави претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 степени“ на Алсат М, посочувајќи дека португалското претседателство понудило иницијален сет на идеи во кој се уфрлени неколку работи од спорните точки меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање. Министерот Силва денеска рече дека во Софија ги слушнал нивните загрижености и доаѓа во Скопје за да ги слушне и нашите размислувања за неколку критични точки. Бидејќи како и Бугарите, така и ние рековме дека за некои работи не можеме да разговараме, за некои ќе разговараме. За тоа што нема да преговараме е познато, тоа е таканаречениот идентитетски комплекс“, рече Пендаровски.

Според шефот на државата, Силва побарал од македонското раководство да се кажат точните формулации за критичните точки, односно да се формулираат националните интереси.

„Силва рече дека до 22 јуни кога треба да се одржи европскиот совет, до тој момент, ќе очекуваат од бугарската страна да каже “да” за преговарачката рамка. На тој совет присуствуваат само земјите-членки на ЕУ, затоа, португалското претседателство очекува дотогаш Бугарија да каже “да” за преговарачката рамка, но и да каже мислење за иницијалниот сет на идеи. Доколку, Бугарија каже нешто или имаат барање за некаква модификација во тој сет на идеи, ќе нè информираат и ќе разговараме тоа е прифатливо и за нашата страна“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Бугарија ЕУ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.