Published: Wednesday, May 7, 2014 20:12
Во врска со изјавата на Зоран Заев од попладнево сакам да изјавам дека во изминативе неколку денови не сум имал средба ниту со Заев ниту со Црвенковски, во врска со мој иден политички ангажман, изјави Стево Пендаровски за НОВА.
Бидејќи не сум дел од партиските тела и органи сакам да останам дистанциран од сите случувања во СДСМ до нивниот партиски Конгрес на 11 мај и потоа.
Затоа во таа насока замолувам моето име да не биде инволвирано во тековните внатрешно-партиски комбинации и калкулации, изјави Стево Пендаровски за НОВА.




