Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Шведска, денеска во Гетеборг оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз, при што македонските иселеници го запознаа со досегашните активности за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, изразувајќи поддршка за натамошните активности во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Шведска.

Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија составена од 11 македонски друштва и клубови.