Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за 11 Октомври: Со единство да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина

0
By Нова ТВ on October 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2019 10:48

Секоја генерација носи одлуки кои ја одредуваат судбината на народот и иднината на државата. Споредувајќи ги и вреднувајќи ги историските епохи, нашата антифашистичка генерација сигурно се издвојува според маркантноста на своето дело, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во видео – обраќањето по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

-Во 1941 година, кога поголемиот дел од Европа и ние овде бевме окупирани од фашизмот, храбрите борци на партизанските одреди во Прилеп и Куманово ги нападнаа симболите на непријателите на слободата. Водени од вербата во правда, еднаквост и човечност, партизаните успеаја да го обединат и поведат народот во антифашистичка, народноослободителна борба. Во движењето на отпорот се вклучија граѓани од секоја етничка, верска и социјална категорија. Неколкуте партизански одреди прераснаа во баталјони, бригади, дивизии и корпуси на стоилјадната македонска војска. Останувајќи дел од големата антихитлеровска коалиција до крајот, македонските граѓани ја избраа страната на прогресивниот дел од  човештвото, се наведува во обраќањето.

Благодарение на внатрешното единство на народот и цврстата надворешна врска со клучните земји во антифашистичкиот сојуз, посочува Пендаровски, таа славна генерација успеа да се избори за македонската слобода и државност.

-Драги сограѓани, ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание. Затоа е нужно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата извојувана пред многу години. Тоа е возможно само ако го следиме нивниот пример и ја преземеме нашата генерациска одговорност.

Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија, потенцира Пендаровски.

Со единство за најважните работи, вели претседателот, да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

Со такво единство да создаваме праведно, слободно и здраво општество во кое мора да има место за секого. Здруженоста на различните и солидарноста меѓу нас се клучот на секој успех, услов за постигнување на секоја благородна и праведна цел, а таква имаме пред нас! Нека ни е честит Денот на народното востание!, стои во видео-обраќањето на претседателот Пендаровски по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.