Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за 76 години од основањето на ООН- Светот е сеуште далеку од сонот на нејзините основачи !

0
By Mirjana on October 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на одбележувањето на 76 години од основањето на Обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање говореше за визијата на генерацијата чија историска задача била да го обнови разрушениот свет после двете светски војни и преку Повелбата на Обединетите нации ги постави основите на новиот поредок и ја изрази споделената визија за мир и безбедност, развој и човекови права.

„Во текот на изминативе 76 години, Обединетите нации спречија повеќе конфликти, искоренија многу заразни болести, издигнаа милиони луѓе од сиромаштија. Универзалната декларација на човековите права и сродните меѓународни пакти и конвенции го потврдија вроденото достоинство на секој човек. Корпусот на меѓународното право внесе поголема извесност во односите меѓу државите. И покрај сите успеси на Обединетите нации, живееме во свет што сеуште е далеку од сонот на нејзините основачи. Пандемијата на Ковид-19 ги разоткри постоечките системски нееднаквости и социјални неправди и дополнително ја влоши состојбата на ранливите сегменти во речиси секое општество“, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека многу од плановите за климатска акција се директно поврзани со Целите за одржлив развој, а кореспондираат и со Зелената агенда на Европската Унија. Претседателот посочи и на неодамна усвоената Долгорочната стратегија за климатска акција со акциски план чија цел е да постигнеме зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој и рече дека со надеж гледаме на претстојниот самит за климатски промени – COP26 во Глазгов. Освен за посветеноста на климатската акција, претседателот Пендаровски посочи дека од пресудна важност е да имаме споделена визија и за развојот на државата.

„За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој на Северна Македонија до крајот на оваа деценија. Вклучувајќи претставници на сите сегменти во општеството, преку „МКД2030“ ние ги поставуваме темелните долгорочни развојни приоритети. Исто така, ја поддржувам и Националната развојна стратегија 2021-2041 која како следна фаза треба да се надоврзе на „МКД2030“. Благодарни сме на поддршката од Обединетите нации и другите донатори за спроведување на овој единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање. Во ова кратко време што го имаме мора да ги насочиме нашите заеднички напори за да создадеме иднина за младите тука, во Северна Македонија“, порача Претседателот.

Тој додаде дека последиците од одлуките што ги носи нашата генерација ќе ги чувствуваат наредните генерации и дека не смееме да носиме одлуки за младите без нивно учество.

„Затоа со УНИЦЕФ ја започнавме иницијативата „Преобмисли ја иднината“ со која им даваме простор на младите да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации. Наша должност е да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас. За да ја достигнеме таа светла иднина, ние мора истовремено да работиме на повеќе полиња. Поткрепено со нови цели и методи, преку образованието ние уште денес треба да ги градиме граѓаните на утрешнината кои ќе бидат посвесни за економските и социјални нееднаквости, кои ќе се гледаат како дел од природата, но не како нејзини господари, и кои попродуктивно и поодговорно ќе ги користат новите дигитални технологии. Мора да образуваме генерација на луѓе кои ќе го почитуваат достоинството на разликите. И уверен сум дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, ќе има незаменлива улога во градењето на таква иднина кај нас и во светот“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на Обединетите нации.

27 г.ООН обраќање Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.