Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за пописот: Може да не се признаат резултатите од пописот, но да се бојкотира – не

0
By Нова ТВ on January 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА .

-Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата.

Додава дека на овие простори пописот се врзува за политичка операција затоа што сè уште правата на луѓето, во меѓународна терминилогија правата на човекот, се гледаат пред сè низ националната призма, поради што нѝ треба статистичка оперција без   политички мешања.

-Нѝ требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот, да ги одзема правата итн. Таква изјава до овој момент ние немаме од некои битни чинители на политичката сцена, пред сè мислам на опозицијата, забележува Пендаровски во интервјуто за МИА.

Шефот на државата потенцира дека не постои политичка терминологија, која го користи изразот бојкот на попис, резултатите можат да бидат непризнати, но не постои израз да се повикаат граѓаните на бојкот на пописот.

-Значи ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот. Инаку Ве уверувам дека не постои политичка терминологија која користи израз бојкот на пописот. Не постои. Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа  не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Такво нешто немам чуено до сега да се случило во европската политика. Сакам да излеземе со јасни ставови дека ова сакаме навистина да биде, не затоа да скриеме некоја друга агенда ако воопшто има скриена агенда. Затоа не мислам дека треба да потпалуваме повеќе огнови од оние кои веќе ги имаме години, години и веќе ги знаеме сите, пред се во економско социјалната сфера во која тешко се  живее, демографската сфера во која многу млади луѓе заминуваат и уште нѝ фали и тука да направиме проблем каде што го нема, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.