Претседателот Стево Пендаровски, за утре во 12 часот, свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со Европската Унија (ЕУ) за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.