Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пентагон: Владеењето на правото е важно за системот на Северна Македонија

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, изјави заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски.

Прашан дали верува дека корупцијата во Северна Македонија е закана за нејзината национална безбедност, Бојер истакна дека ставот на Пентагон е оти владеењето на правото и демократијата се важни за да има силни системи кои ќе бидат отпорни и ќе придонесат и за регионалната и за глобалната безбедност.

„Ќе оставам на моите колеги од Стејт департментот да зборуваат за политиката и политичките напори што ги имаме со Северна Македонија. Она што можам да го кажам од страната на Одделот за одбрана е дека го гледаме нашиот однос како расте и како вистинска основа за севкупните билатерални односи. Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно“, вели Бојер.

Според него, членството на Северна Македонија во Европската Унија е важно за безбедноста и стабилноста пошироко. САД ја поддржува евроинтеграцијата на земјата, но, вели, за темпото на пристапување одлучува ЕУ.

„Нема да навлегувам во спецификите на односот меѓу Бугарија и Северна Македонија за конкретни политички прашања. Тоа ќе го оставам на другите да го направат, но она што би го кажал за Европската Унија и аспирацијата на Северна Македонија да стане членка, е нешто што ние целосно го поддржуваме. Се разбира, зависи од Европската Унија да донесе сопствена одлука за членството, но ние го гледаме како важно процесот на придвижување кон членство во ЕУ, пошироката евроатлантска интеграција, да се надгради на влезот на Северна Македонија во НАТО во 2020 година“, нагласи Бојер.

За тоа дали можното натамошно одложување на пристапниот процес од една страна, и тензиите меѓу Косово и Србија од друга страна, треба да бидат аларм за ЕУ, со оглед на ризик од натамошна ескалација, Бојер вели дека „секогаш постои шанса нешто што е во одредена област да се прошири, и ние внимаваме на тоа и правиме се` што можеме како земја, и работиме со Северна Македонија и другите, да се обидеме да осигураме да го стабилизираме регионот“.

Тој истакна дека САД го ценат „она што го направи Северна Македонија во однос на придонесот со војници во мисијата на НАТО во Косово, од која САД се дел со децении“.

САД и Северна Македонија минатиот месец потпишаа десетгодишен план за соработка во одбраната, кој ги постави целите за двете држави да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици.

Бојер вели дека овој патоказ предвидува билатерална и регионална соработка и политика, модернизација на одбраната, соработка во однос на сајбернападите и справување со дезинформациите.

Тој ја пофали и помошта и поддршката што Северна Макеоднија и ја дава на Украина.

„Го цениме она што го прави Северна Македонија за регионалната безбедност, за европската безбедност. Таа е прекрасен сојузник во однос на нашата трансатлантска безбедносна врска и навистина ни помага да возвратиме против руската агресија и ја поддржува Украина во многу важен момент. Затоа што она што се случува во Украина сега не е важно само за Европа и за трансатлантската заедница, туку и за глобалната заедница“, рече заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер.

С.К.

Глас на Америка Пентагон Северна Македонија Спенсер Бојер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.