Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензионери за изборните манипулации:Ни ги исклучуваа лифтовите, но ги надитривмe

0
By Нова ТВ on March 31, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2015 18:03


Жителите од централното подрачје на Скопје, посебно оние кои живеат во зградите околу Бристол, за НОВА сведочат дека она што се споменува во прислушуваните разговори за изборните манипулации во општината Центар и исклучувањето на лифтовите за време на локалните избори тие навистина го доживеале.

Пензионери од повеќекатниците во Центар велат дека планот со лифтовите бил неуспешен, бидејќи тие излегле да гласаат пред да им ги исклучат.

-Постарите си излеговме порано на гласање, дури ги затворија ние изгласавме и тука се зафркнаа…Намерно ги исклучија, јас лично видов еден дечко како излегуваше од мојот улаз и после 5 – 10 минути се исклучија лифтовите, вели жителка од Центар за НОВА.

Според дел од жителите кои се охрабрија да зборуваат пред камерата на НОВА, она што се слуша од прислушуваните разговори кои ги објавува опозицијата е страшно, но тие се убедени дека е вистинито.

-Страшно е чувството. Он мене на осумдесет години да ми вели одовде ќе ме исели. Кој е тој да ме исели?, вели жителката за НОВА.

-Сите се спремавме да си одиме на гласање. Не пречека лифтот исклучен. Тоа било наредба и се потврди со изјавите на Заев, вели жител на Центар за НОВА.

Оние кои не се охрабрија да зборуваат јавно, зад камерата раскажуваа дека самите се обидувале да ги утврдат дефеците на лифтовите. Тие сметаат дека немало договор за исклучување на струјата, туку некој се обидувал на смешни начини да ги заглавува лифтовите. Еден од нивните примери е наводно истурање на големо количество лепак врз лифт во една од зградите околу Бристол.

Реакциите на граѓаните доаѓаат откако опозицијата преку градоначалникот на Општина Центар ја објави „бомбата“ за изборните манипулации во „најжешката“ општина во Скопје.

-Општина Центар, и на Груевски и на Мијалков и на целиот нивен тим, им била најсветото нешто што може и мора да се добие, поради проектот Скопје 2014 тежок над половина милијарди евра, и скривање на направениот криминал, којшто ние го констатиравме преку извештаите коишто ги дадовме, пративме до Јавниот обвинител и сакам да кажам и денеска, немаме никаков одговор од Јавното обвинителство. На сите ќе стане ни уште појасно. Што `се правеле и Груевски и Мијалков и неколкумина нивни соработници: во текот на првиот изборен круг, за да има други изборни кругови, па и дури откако Груевски со „човечињата“ ги загуби изборите во општина Центар, рече градоначалникот Жерновски за време на прес-конференцијата.

Транскрипти од разговорите поврзани со локалните избори во Центар

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
НН: Ало?
ГЈ: Ало.
МЈ: Попизделе комуњариве, на нетови, нивниве новинари.
НН: Како?
МЈ: Ова е брука, се допре дното за писмава.
НН: За што?
МЈ: За писмава што ги пуштивме. Фалсификат, кривична, да одговараат…
НН: А кај го читаш тоа?

МЈ: По фејсбуци, по твитер, оној Саше Аналитико, Мери што го правеше прилогон, администрација, ако ти текнува, на времето.
НН: Ааа, а шо пишуе?
МЈ: Па за писмото. Дека сме го допреле дното, дека луѓето се’ сведувале на забавно, дека сме фалсификувале потпис, дека е тоа кривично дело.

НН: Како не, кривично дело.
МЈ: Инаку, не работеа лифтовите од сабајле.
НН: Не?
МЈ: Не.

НН: Сега идам тука баш кај мене, да видам што се дешава. Што ќе се дешава брат?
МЈ: Че попиздат овие.
НН: Добро иде сеа?

МЈ: Не знам, че видиме.
НН: Ти кај си?
МЈ: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.
НН: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.

МЈ: А?
НН: Ќе викаат, ќе умрат.

МЈ: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?
НН: Не бе, какво слегување!
МЈ: А?

НН: Не бе, шо ти е на тебе. Кај мене куливе, еве ги, штама е. Чоек нема надвор. У пичку матер. А за писмово ако го дале, а добар погодок, значи.

МЈ: Че видиме, лоши се коментарите сеа.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Сашо Мијалков
МЈ: Сашо?
СМ: Кажи Миле сега еве тука сум со шефот.
МЈ: На обработени 39 гласачки места.

СМ: Да, колку е тоа посто?
МЈ: Сега ќе ти кажам, 42,4.
СМ: Добро.

МЈ: Ние имаме 7.178, тие имаат 7.391. Значи 120 разлика.
СМ: За нив?
МЈ: Да. 220, извини, те лажам.
СМ: 220 за нив?
МЈ: Да. На 42 посто обработени.

СМ: Не е ваљда дека ќе изгубиме за два-триста гласа бе пичку материну?
МЈ: Втор круг, Сашо. Како што ти реков, втор круг ќе има. Претпоставувам дека така ќе биде, илјада и нешто неважечки ливчиња ќе има.

СМ: Ако се докопаме ние до втор круг ќе го преебеме во втор круг. Него, да се докопаме само до втор круг.
МЈ: Море, ќе ја преселам онаа зградана што е кај Бристол, мамата ќе им ја ебам.
СМ: А?

МЈ: Цела зграда ќе ја преместам, ќе ги затворам да не излегуваат тие од Бристол.
СМ: Викаш, тие?

МЈ: Многу таму разлика ни направија у пичку матер.
СМ: Колку?
МЈ: Ај појди кај Бристол зградите, двете избирачки места, 2852… – 190 разлика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.