Од задутре (29 мај) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за жени со над 62 години возраст и мажи со над 64 години, во вторник, во петок, во сабота и во недела, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
Од ЈСП апелирaат на рационално користење на превозот и за задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид-19.