НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци

0
By Нова ТВ on December 19, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци,  покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб Шукаров.

Тој во рамки на презентацијата на анализата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за одржливоста на пензискиот систем рече дека доколку сите трендови во однос на вработеност, број на пензионери, висина на плати и пензии, економски раст, демографски тенденции…, останат непроменети до 2030 година, ПИОМ би генерирал вишок од околу 130 милиони евра годишно.

– Пензискиот фонд не само што е одржлив, туку може да создава и вишоци. Во буџетот би имало екстра прилив, но доколку продолжат сегашните трендови, рече Шукаров.

Симулациите покажале и оти состојбите би биле уште подобри доколку се земат оптимални услови на поголем економски раст со отворање нови работни места. Ниту една од нив со секакви варијанти не покажала оти системот може да крахира.

Шукаров вели дека пресметките покажуваат дека стабилизирање на Фондот може да се очекува во 2027 година кога прелевањето пари од државната во касата на Фондот ќе се сведе на нула, а потоа постепено и ќе се создаваат вишоци во пензиската каса бидејќи бројот на пензионери во првиот пензиски столб ќе се намалува.

– Затоа треба да се размислува што со Пензискиот фонд кога тој ќе почне да создава вишоци, а државата нема да има потреба да издвојува пари за полнење на пензискиот буџет. Треба да се размислува дали Фондот ќе се продава или да се формира посебен инвестициски фонд кој ќе ги инвестира парите кои ќе бидат вишок, смета Шукаров.

Зголемувањето на растот на економијата, според него е најдоброто решение доколку се сака побрзо санирање на пензискиот систем, бидејќи раст на економијата од 5 проценти би значел и целосно решавање на проблемот.

Ивана Велковска од Центарот за економски анализи, го дели ставот на професорот дека економскиот раст и отворањето работни места, но не само во ниско платените гранки, е најдоброто решение.

– Ако бројот на вработени се зголеми за 6,2 отсто годишно следните шест години што е два пати повеќе од досегашниот раст на вработените, тогаш учеството на пари од буџетот во пензискиот фонд ќе се намалува постепено и во 2022 година повеќе нема да биде потребно издвојување дополнителни средства од буџетот. Ако остане истата стапка на раст на вработените од 3,1 отсто тогаш за шест години, ако нема раст на пензионерите и трошоците на Фондот, тогаш може да се очекува подобрување на одржливоста на Фондот за шест години, рече Велковска.

Смета дека земјава не се соочува со сериозен проблем на стареење на населението како другите земји во регионот за да се стравува од голем прилив на пензионери. Затоа, смета таа, зголемувањето на годишната граница на пензионирање нема да биде вистински одговор на проблемот на одржливост на пензискиот систем.

– Просечниот очекуван животен век за 10 години е зголемен само за 1,6 години што е најнизок очекуван животен век во Европа. Демографските податоци говорат дека во земјава не се очекува посериозен проблем со стареење на населението како во другите земји, рече Велковска.

Маријан Николов, директор на ЦЕА, смета дека дефицитот во ПИОМ кој е актуелен последните години не е толку последица на неповолните демографски движења колку на системски проблеми. И тој смета дека е потребно побрзо генерирање работни места, но не преку долготрајно користење мерки за вработување.

Исто така, смета дека доколку Владата не треба да користи мерки за субвенционирање долг период бидејќи ефектите на пензискиот фонд се неповолни.

анализа ЦЕА Пензисиски фонд ПИОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.