Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го игра првиот меч против репрецентацијата на Црна Гора на Европкото првенство кое се одржува во Словенија.
И минатото Европско првенство го започнавме со меч против Црна Гора и бевме поразени. Сега сакаме реванш но ова сепак не е најважниот натпревар на првенството. Што и да се случи нема да правиме драма од тоа туку ќе одиме понатаму. Групата во која играме е исклучително силна и секој може да изгуби од секого. Црна Гора има одличен тим и нема да ни биде лесно, изјави лидерот на македонската репрезентација Перо Антиќ.
Зборувајќи за атмосферата во тимот Антиќ рече дака таа е извонредна.
Нашите очекувања се големи на овој Еуробасект но влегуваме со ладни глави и ќе дадеме се од себе со цел да се обидеме да оствариме сличен успех како и на минатото европско првенство.




