Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Персоналот на Инфективно во Скопје доби билети за мечевите на Македонија на ЕП 2020

0
By Sashko on June 7, 2021 ВЕСТИ
Фото ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини денеска им врачи билети за Европското првенство на вработените од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на македонската репрезентација.

Здравствените работници беа во приоритетната група на лица кои електронски аплицираа преку ФФМ за купување на билети за ЕП 2020, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство, ќе им бидат овозможени влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

– Изминатите, речиси, две години, едноставно живеевме во време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чувствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да се оддолжиме за пожртвуваноста и трудот што го вложуваат за да нè заштитат сите нас. Да им искажеме наша почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности, изјави претседателот на ФФМ, Сејдини на денешната средба со вработени во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во име на здравствените работници, главната сестра на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби Габриела Темелковска изрази благодарност до ФФМ, оценувајќи дека станува збор за „голем гест достоен за почит“.

– Благодарни сме на Федерацијата, како и за поддршката што фудбалерите и спортистите ја искажуваа за здравствените работници во изминатиот период. Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во исклучително тешкиот период за сите, истакна Темелковска на приемот во седиштето на ФФМ.

Билети ЕП 2020 Инфективна Македонија Медицински персонал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.