Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Перуанската премиерка принудена на оставка по аферата за прислушување

0
By Нова ТВ on April 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2015 13:54

Перуанската премиерка Ана Јара е принудена да се повлече од функцијата по гласањето за доверба во Конгресот во понеделникот. Таа ја изгуби довербата со 72 гласа наспрема 42.

Јара е обвинета по наводите дека разузнавачката агенција на Перу со години собирала информации односно ги шпионирала водечките луѓе во бизнисот и политиката.

Претседателот Оланта Хумала сега треба да избира нов премиер и нов кабинет. Според експертите во државата, ова е најголемата политичка криза откако претседателот ја води државата од јули 2011 година.

Според системот во Перу, претседателот е на чело на извршната власт, но аналитичарите велат дека падот на неговата заменичка, изгласан од страна на доминантната опозиција во Конгресот, е знак на неговото опаѓачко влијание.

Ова е прв пат Конгресот после 50 години да замени еден премиер на државата.

Развојот на ситуацијата следи по истражувањето на неделникот Корео Семанал објавено на 19.март, во кое излезе список на Перуанци кои биле шпионирани од Директоратот на националната агенција за разузнавање (Дини).

Според истражувањето, се прислушувале политичари на опозицијата, бизнисмени, членови на воените структури и нивните фамилии. Агенцијата наводно вадела информации и од перуанскиот Регистар за имотите на илјадници Перуанци.

Јара веднаш го отпушти директорот на Дини, како и шефот на Агенцијата за контраразузнавање, ден откако излезе новинарскиот напис. Таа издаде наредба за длабока истрага, и ги негираше сите наводи дека шпионирањето било по нејзино барање.

Сепак, членовите на опозицијата во Конгресот сметаат дека таа не успеала да го исконтролира системот за безбедност и затоа треба да сноси одговорност. Од друга страна, членовите на владејачката партија велат Јара била жртва на политички реваншизам.

Јара е шестата по ред на премиерската функција која служела во мандатот на претседателот Хумала.

Нејзиниот претходник Рене Корнехо самиот поднесе оставка откако неговиот кабинет беше вмешан во скандал со корупција по помалку од пет месеци од неговото работење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.