Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пешевски се фали за пензиите, негира дека државата се задолжува за нив

0
By Влатко Чаловски on October 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2016 17:59

Одговорна власт е онаа која преку макотрпна работа и создавање систем за нови работни места како и економски раст го прави тоа. Ова е една од пораките кои денеска ги испрати вицепремиерот Владимир Пешевски при заедничката прес-конференција со министерот за финансии, Кирил Миноски на која ги презентираа успесите на Владата признаени од „Дуинг бизнис“.

Одговарајќи на новинарско прашање за стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување околу неговата одржливост, Пешевски посочи дека властите не направиле застој во пензиите, напротив ги зголемиле и редовно ги исплаќале, а од пензионерите “направиле луѓе со достоинствено право на живот“.

– Одговорна влада е онаа што ќе создаде систем каде имате креирање на работни места, економски раст, и тоа го правите без екстремно да ја задолжите државата и да имате умерен или балансиран буџет со умерен буџетски дефицит. ..оваа влада успеа да го стабилизира Фондот со тоа што се изнајдоа средства за зголемување на пензиите во континуитет и нивно навремено исплаќање. Од пензионерите направивме луѓе кои што имаат достоинствено право на живот. И не случајно во изминатите буџети, ние наоѓавме начин за зголемување на пензиите. И сега направивме зголемување без притоа да ја загрозиме долгорочната финансиска стабилност на државата, изјави Пешевски.

Сепак на прашањето на НОВА, дали истите се зголемувани како резултат на неодамна издадената еврообврзница и кредитите од надвор, Пешевски отсечно одговори „Не“.

А токму “таткото на државните пари“, Кирил Миноски кој стоеше веднаш до Владимир Пешевски на прес-конференцијата, претходно апелираше дека издавањето на еврообврзницата било нужно, а парите ќе легнеле во буџетските потреби за 2016 и 2017 година.

Имено, Миноски неодамна, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2017 пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет, им вети на пензионерите дека во декември годинава ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите од 670 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.