Телата на пет француски алпинисти беа пронајдени денес откако исчезнаа вчера на Мон Блан.
Алпинистите биле дел од групата на шест луѓе помеѓу кои и еден водич, кои вчера тргнале да се искачат на Аргентиер на 3901 метар височина на Мон Блан. Тие биле на стаж организиран од страна на француската Унија на спортски центри.
Аргентиер е врвот на Мон Блан помеѓу Франција и Швајцарија. Според истрагата, временските услови биле лоши во вторникот но истрагата е во тек за да се утврдат вистинските причини за несреќата.
Според агенцијата АФП, шест алпинисти загинале на Мон Блан помеѓу 15 и 30 јули од кои двајца Ирци, двајца Финци, еден Германец и еден Француз. Помеѓу 1990 и 2011 година се забележани 256 несреќи во кои 74 лица го загубиле животот во искачувањето на Мон Блан.