Пет милиони евра за слобода на медиумите. Ова е најавата која денес стаса од претставништвото на ЕУ во Македонија.
Проблемите во слободата на медиумите, со кои е соочена Македонија, се длабоки и запишани во извештајот за напредок на земјата кон ЕУ. Од последниот извештај каде што забелешките беа остри ништо не е променето па ЕУ смета дека нејзината помош ќе биде добредојдена.
Проектот го претстави Мартин Клауцке, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија. Тој рече дека станува збор твининг проект со Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги за слобода на изразување и поддршка на медиумските реформи.
ЕУ ќе финансира опрема за набљудување на медиумската содржина.
Клауцке смета дека за овој проект треба да конкурираат невладините организации а тој треба да започне за неколку месеци. Додаде исто така дека политичката независност на јавниот радиодифузен сервис се уште не е доволна.




