Преговорите на Србија за членство во Европската унија добро напредуваат, а Белград кога ќе влезе во Унијата мора да се усогласи со заедничката надворешна политика, изјави Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
– Усвоени се извештаи за важните поглавија 23 и 24 и Владата на Србија веќе работи на акциските планови за нив. Отворањето на едно или повеќе поглавија зависи од одлуките на земјите-членки на ЕУ и тоа се случува кога тие ќе почувствуваат дека се е подготвено во овој процес и преговорите можат да почнат, истакна Стано.
Петeр Стано изјави дека ЕУ никого не принудува, но дека „Србија направила доброволен избор кога поднела барање за членство во ЕУ“.